Бен Амбриџ е психолог од Англија кој во својот ТЕД-говор навистина ги размрда сите постулати на модерната психологија. Наведувајќи 10 најголеми митови во психологијата, првата тема му била тезата дека мажите се од Марс, а жените од Венера. И знаете што? Не се.
Веројатно сте слушнале дека кога станува збор за нивната психологија, мажите се од Марс, а жените се од Венера. Но, колку всушност се различни мажите и жените? За да откриеме, да почнеме да набљудуваме нешто каде што мажите и жените навистина се разликуваат и да нацртаме некои психолошки разлики помеѓу половите на исто ниво. Една работа каде што мажите и жените навистина се разликуваат е колку далеку можат да фрлат топка.
Ако овде ги погледнете податоците за мажите, ќе го видите она што се нарекува нормална неусогласеност.
Неколку мажи може да ја фрлат топката доста далеку, неколку од нив ни малку, но најмногу мажи може да ја фрлат просечно. И кај жените ја има истата поделба, но всушност тука постои голема разлика.
Всушност, просечниот маж може да ја фрли топката подалеку од 98 отсто од сите жени. Да видиме како некои психолошки разлики помеѓу половите изгледаат на исто стандардизирано ниво. Секој психолог ќе ви каже дека мажите се подобри во снаоѓање во просторот од жените - работи како читање мапи, на пример. Ова е точно, но ајде да ја погледнеме големината на оваа разлика. Мала е. Линиите се толку блиску што речиси се преклопуваат. Всушност, просечната жена е подобра од 33 отсто од сите мажи.
Важно е да се има предвид дека оваа разлика и следната се најголемите психолошки родни разлики некогаш откриени во психологијата.
Секој психолог ќе ви каже дека жените се подобри во јазици и граматика од мажите. Еве ги резултатите од стандардизираните тестови по граматика. Повторно жените се подобри во просек, но линиите се толку блиску што 33 отсто од мажите се подобри од просечните жени.
Така, мажите и
жените не се баш како Марс и Венера. Повеќе се како Марс и Сникерс: во суштина се исти, но едните содржат повеќе јајца.