X
 24.10.2016 Наука

Aкадемски труд напишан од iOS бил прифатен на научна конференција

Порфесор од Нов Зеланд побарал да ја презентира неговата работа на настан во САД за нуклеарна физика и покрај тоа што содржината била глупост. Бесмислениот академски труд за нуклеарна физика напишан само преку опцијата за автоматско комплетирање на  iOS бил прифатен за научната конференција.

Кристоф Бартнек, вонреден професор на лабораторијата за технологија за човечки интерфејс на Универзитетот во Кантербери во Нов Зеланд, добил електронска покана да го достави трудот за Меѓународната конференција за атомска и нуклеарна физика во САД во ноември.


академски труд


„Бидејќи практично немам знаење за нуклеарна физика јас се решив за auto-complete suggestions опцијата на iOS, да ми помогне со пишување на трудот", напишал професорот во блог пост.

„Атомите на подобар универзум ќе имаат право на истото како вас, како што вие сте начинот на кој ние ќе мора да бидеме на одлично место во одлично време, уживајќи во денот дека вие сте прекрасна личност со одлично ваше време за да се забавувате и да уживате во одличното време и одличниот ден, вие ќе имате одлично време за вашите родители и деца"- реченица од примерокот од апстрактот.

Во трудот е и овој заклучок: „Моќта не е одлично место за добро време".

Бартнек го илустрирал трудот со наслов, повторно преку автоматска корекција „Атомската енергија ќе биде ставена на располагање на еден извор" со првиот графикон од Википедија за нуклеарната физика. Тој ја поднел под лажен идентитет: вонреден професор на Универзитетот „Iris Pear“ во САД, чие искуство во атомска и нуклеарна физика било изложено во биографијата со користење контрадикторни родови заменки. Бесмислениот труд бил прифатен само три часа подоцна, а по електронска пошта од Бартнек било побарано да го потврди неговото учество за  „усната презентација" на меѓународната конференција.

Тој не требало да плати пари за доставување на трудот, туку писмо за прифаќање со кое би се регистрирал за конференцијата по цена од 1099 долари (исто така со можност да плати во евра или фунти), како академски говорник.

„Јас не го завршив овој чекор, бидејќи мојот универзитет сигурно би ми преговарал на моето трошење пари на овој начин... Мојот впечаток е дека ова не е особено добро конференција"- изјавил Бартнек за Guardian Australia".

Меѓународната конференција за атомска и нуклеарна физика ќе се одржи на 17-18 ноември во Атланта, Џорџија, а е организирана од страна на „ConferenceSeries“ што ги соединува публикациите со отворен пристап на светски меѓународни научни конференции и настани", основана во 2007 година.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука