X
 31.03.2018 Живот

Нови правила за добивање американска виза

Според најновиот план на Стејт департментот, лицата кои сакаат да патуваат во САД наскоро ќе треба да ги кажат нивните профили на социјалните мрежи, старите телефонски броеви и имејл адреси.


Фото: N1

Оваа мерка ќе опфати 10 милиони луѓе годишно, кои сакаат да добијат туристичка виза и да емигрираат во САД, но нема да се применува на дипломатски патници и владини претставници.

Образецот пополнет на интернет им овозможува на тие граѓани да останат 90 дена во Соединетите Американски Држави, без да минат низ тешка визна постапка.

Со оваа објава започнува периодот на јавна расправа од 60 дена за оние промени кои треба да бидат потврдени на 20 мај.

Патниците треба да ги прецизираат социјалните мрежи во кои учествувале, да кажат кои идентитети ги користеле на тие платформи во текот на последните пет години пред датумот на поднесување на барањето. Мораат да ги наведат и телефонските броеви, имејл адресите и патувањата во странство.

Овој потег првпат беше споменат од страна на американскиот претседател Доналд Трамп додека говореше и за напредна проверка на луѓе кои сакаат да дојдат во САД, за што организациите за граѓански права искажаа критики во име на заштита на приватниот живот, а властите тврдат дека тоа им овозможува да се идентификуваат можните екстремисти.

Во текот на последната фискална година, 559.536 луѓе се пријавиле за имиграциски визи и 9,7 милиони за различни американски визи.
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот