X
 25.10.2016 Култура

Реткиот феномен наречен „Виножитото на месечината“



Виножито на месечината


Двесте и седумнаесет години по средбата на англискиот поет, Вилијам Кол, со возвишената небесна појава на Норфолското небо, што, патем, ја опеа во една своја песна, повторно се зборува за необичното „венче“ врз месечината, кое метеоролозите го нарекуваат „бело виножито“ (или виножитото на месечината).

Месечевото виножито се појавува кога светлината (што ја рефлектира месечината), се прекршува низ дожд или магла. За разлика од вообичаеното виножито, лунарното ретко го постигнува целиот спектар од боите и вообичаено има снежно бела боја.

Оваа ретка појава што се чини како производ на уметничка имагинација е честа тема на сликарски изблици и римувани воздишки на поетите.    


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура