Вчерашната полна месечина, помина низ сенката на Земјата и со тоа се роди помрачување на месечината. Прочитајте неколку интересни факти за помрачувањето на месечината кои навистина ќе ве изненадат.
1. Колку често се случува помрачувањето на месечината?
Во текот на 21-от век, се случиле вкупно 85 помрачувања на месечината; една специфична географска локација на површината на Земјата би можела да види во просек 40 до 45 вкупно помрачувања на месечината или околу едно на секои 2.3 години. За разлика од помрачувањето на месечината, помрачувањето на сонцето од една специфична географска локација се случува во просек еднаш на секои 375 години.
Причината за овој голем диспаритет е едноставна. За да се види помрачувањето на сонцето, мора да бидете случајно распоредени по должината на патот на темната сенка на месечината која се протега илјадници километри, но не треба да биде пошироко од 167 милји во дијаметар. Спротивно на тоа, подрачјето на видливоста за помрачувањето на месечината се протега на повеќе од половина од Земјата овозможувајќи милјарда луѓе да бидат сведоци на овој спектакл.
2. Термички шок бран!
Кога сенката на Земјата поминува низ месечевиот пејзаж, температурата паѓа радикално. Всушност, резултатот на „термички шок“ може да предизвика месечевите камења да се распаѓаат и гасот да избега од месечината. Нормално, како што сонцето полека заоѓа, температурата постепено се намалува. Но, ако сончевата светлина се „изгасни“ кога сонцето е високо на месечевото небо, падот на температурата е доста брз - за само 10 до 30 минути.
3. „Жешки точки“ за време на целосното помрачување
Интересно, инфрацрвените слики од помрачувањето на месечината открија стотици „жешки точки“ како и голем области на површината на Месечината кои беа потопли од другото опкружување. Скеновите од некои истакнати кратери, како Тихо, укажуваат на шема на ослободување на топлина главно од сончевата топлина, а не од топлината од внатрешноста на месечината, додека други кратери, како Гасенди, се чини дека покажуваат вид на топлинско однесување кое се очекува од внатрешен извор на топлина. Иако феноменот е проучуван 50 години, и неколку теории се нудат за да го објаснат, меѓутоа никој не дал решение за овие жешки точки.
4. Најдолгото помрачување
Серија на вкупно четири помрачувања на месечината се нарекуваат тетрада.
Најдолгото помрачување на месечината е 106 минути. Ова може да се случи кога месечината поминува низ средината на сенката на Земјата, кога месечината е на врвот или во близина на врвот. Кога е во близина на врвот, таа се движи побавно и и` е потребно подолго време да ја премине сенката на Земјата.
Најдолгото помрачување на сонцето најчесто се случува во текот на летото за време на северната хемисфера, кога Земјата е близу најдалечната точка од нејзината орбита од сонцето - тогаш нејзината сенка е малку поголема отколку кога сонцето е поблизу до нас, со што резултира подолго затемнување на сонцето. Помрачувањето на месечината на 16 јули, 2000 кое можеше да се види во Тихиот Океан, источна Азија и Австралија беше едно од најдолгите затемнувања во историјата, и траеше 106 минути и 25 секунди. На 13 август 1859 година затемнувањето траеше 10 секунди повеќе - 106 минути и 35 секунди.
5. Дали целосното помрачување на месечината го претскажува крајот на светот?
Во последните години, мејнстрим медиумите му дадоа ново име на помрачувањето на месечината: „Крвава месечина“.
Терминот доаѓа од книга напишана од свештеник кој тврдел дека на почетокот на април 2014 година, серија на четири последователни помрачувања на месечината, која се совпаѓа со еврејските празници, со шест полни месечини помеѓу, е знак на крајот на светот.
6. Месечина со различна боја
Но, дали секое помрачување на сонцето треба да го нарекуваме „крвава месечина?“ И не баш. Бојата и светлината за време на целосното помрачување на месечината зависи од глобалните временски услови и количината на прашина суспендирана во воздухот. Чистата атмосфера на Земјата значи светло помрачување на месечината. Но ако се случи поголема вулканска ерупција, и вулканската ерупција испушти честички во стратосферата во претходните неколку години, помрачувањето ќе биде темно.
7. Дали целосното помрачување на месечината може да предвиди земјотреси?
Земјотресот во Сан Франциско во 1971 година се случил во раните утрински часови на 9 февруари во подножјето на планината Сан Габриел во Јужна Калифорнија. Земјотресот беше со големина од 6.7 степени според Рихтеровата скала. 15 часа подоцна, се случи помрачување на сонцето, а Земјата и месечиата беа предизвикувачите на ова помрачување.
Д-р Вилијам Кауфман, поранешен директор на Опсерваторијата Грифит Парк во Лос Анџелес тогаш истакнал дека сонцето и месечината ја привлекуваат Земјата во точно спротивни насоки. Како резултат на тоа, Земјата е стегната во вид на фудбалска топка наместо сфера, такашто гравитационите сили го предизвикале земјотресот.
8. Како помрачувањето на месечината го спасил Колумбо
Кога Кристофер Колумбо отпловил во Новиот свет, тој со себе понел алманах напишан од големиот германски астроном Јоханес фон Милер Кенигсберг, познат по неговиот латински псевдоним Региомонтанус. Алманахот ги опфаќал од 1475 до 1506 година.
На неговото трето и последно патување во мај 1502 година, Колумбо доживеал бродолом на островот Јамајка во јуни 1503 година и наишол на проблем со локалните староседелци кои одбиле да обезбедат храна и вода за неговиот екипаж. Но, исто така, Колумбо од алманахот на Региомонтанус знаел дека ќе се случи помрачување на месечината на 24 февруари, такашто им се заканли на староседелците дека ќе им ја земи светлината од месечината.
Со напредувањето на помрачувањето, тие се согласиле да му помогнат на Колумбо, ако тој ја донесе месечината назад.
9. Чудната „Селенхелион“
Кога се набљудуваат и сонцето и помрачената месечина во исто време, тоа се нарекува „Селенелион“ или „Селенехелион“. Ова може да се случи пред зајдисонце или после изгрејсонце, а двете тела се појавуваат над хоризонтот на речиси спротивни точки на небото.
10. 2018: Следното помрачување на месечината
Следното помрачување на меечината ќе се случи на 31 јануари 2018 година. Целосното помрачување ќе биде видливо за западните и централните делови на континентот, а на исток ќе може да се гледа само почетната фаза.