Северноирскиот Висок суд заклучил дека законот на Северна Ирска не ја ограничува Тереса Меј, премиер на Велика Британија, да го покрене излегувањето од Европската Унија и дека за тоа не е потребна дозвола од регионалниот парламент.
Меѓутоа,
судот соопштил дека таквата одлука ќе ја препушти на англиските судови во рамки на прашањето дали Меј и нејзините министри имаат овластување за отпочнување на Членот 50 од Лисабонскиот договор, без експлицитна поддршка од британскиот парламент. Еден од подносителите на тужбата, активистот за човекови права Рејмонд Меккорд, најавил дека ќе се жали за пресудата на Врховниот суд.
Овој
случај е првата пресуда во правните случаи поврзани со Брегзит, кој внимателно го следат политичарите.
Судијата Пол Мекгваер рекол дека „не е одржливо“ Северна Ирска да ја поништи волјата на 52 проценти од избирачите во целото Обединето Кралство кои гласале за излегување, а 56 проценти го поддржале останувањето во ЕУ. Тој вели дека во законот на Северна Ирска не постои ништо што би ја спречило Тереса Меј да го заобиколи парламентот и да го отпочне Членот 50.