X
 10.01.2022 Спорт

Судот во Мелбурн пресуди во полза на Новак Ѓоковиќ, депортацијата е неизвесна

Ентони Кели, главниот судија во Федералниот суд во Мелбурн, пресудил дека одлуката на министерот за внатрешни работи на Австралија да му ја откаже визата на Новак Ѓоковиќ треба да биде поништена и тенисерот треба да излезе од притвор.

Главната причина за оваа одлука бил фактот што Ѓоковиќ немал доволно време да побара совет и да реагира на намерата за откажување на неговата виза кога бил притворен на аеродромот во Мелбурн, пренесува „Ди ејџ“.

Во моментот се чека да се види дали министерот за имиграција ќе искористи други мерки за повторно да му ја откаже визата на Ѓоковиќ. Се очекува и одржување на прес-конференција на семејството на Ѓоковиќ во Србија, која треба да почне напладне.

Ѓоковиќ, кој веројатно сега се наоѓа во канцеларијата на неговите адвокати во Мелбурн, треба да се појави во јавноста.

Извор: The age
Фото: Wikipedia

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт