Веќе некое време критичарите се обидуваат да докажат дека поместувањето на часовникот два пати во годината е промена која не е корисна, па така со цел да го докажат својот став се свртија кон науката.
На
неодамнешната конференција во Брисел, професорот по неврологија на Универзитетот во Оксфорд,
Расел Фостер ги претставил своите сознанија за тоа како поместувањето на часовникот влијае на луѓето, посебно на спиењето.
Неговиот заклучок е дека враќањето на часовникот не донесува заштеда на енергија, а претставува голем ризик за здравјето на човекот и носи големи трошоци за економијата.
Научниците се обидуваат да докажат дека промената на времето има „драматични ефекти" на физичките и менталните функции кај човекот, бидејќи прават „збрка“ во биолошкиот часовник.
Како што било наведено, на децата и постарите лица би им биле потребни неколку недели, за да се навикнат на промената. Во исто време во тоа време се бележи зголемување на бројот на сообраќајни несреќи и компликации по хируршките интервенции, пренесува
„Еурактив Германија“.
Страда и економијата
Освен штетните ефекти врз здравјето на луѓето, страда и економијата. Експертите проценуваат дека промената на времето двапати годишно ја чини ЕУ помеѓу еден и два проценти од БДП, што обично е директно поврзано со здравствените проблеми. Ова значи дека на годишно ниво се губат приближно 300 милијарди евра.
На зимското сметање на времето преминуваме на 30 октомври во три часот наутро, кога времето на часовникот ќе биде вратен назад за еден час, односно на два часот.
Австрискиот еврозастапник, Хајнц Бекер изјавил дека има доволно научни податоци дека од Европската комисија се бара „конечно да преземи мерки" и да стави крај на практиката која „само прави штета". Бекер ја повикал еврокомесарката Виолета Булк, во чие портфолио е вклучено и тоа прашање, да стави крај на одбивањето да се разгледуваат ризиците за промените на времето.
Турција донесе одлука повеќе да не го поместува часовникот, па така часовникот во оваа земја ќе остане на летното сметање на времето.
Save