X
 19.04.2022 Здравје

Нов третман со ултразвучни бранови го уништува туморот во црниот дроб

Научници од Универзитетот на Мичиген користеле нова техника за да го уништат туморот во црниот дроб кај глувци со неинвазивни ултразвучни бранови. Техниката сега се тестира на луѓе во САД и во Европа и наскоро би можела да биде достапна за сите пациенти.

Според првичните резултати од експериментите на глувци, ултразвучната терапија успешно уништува до 75 отсто од туморот во црниот дроб, што го поттикнува имунолошкиот систем да се бори со преостанатиот тумор во ткивото и да спречи негово враќање.


Фото: Freepik

- Иако не го уништуваме целиот тумор, сепак, може да предизвикаме туморот да се намали и да го намалиме ризикот од метастази во иднина - изјавил професорот Џен Шу, еден од авторите на истражувањето.

Новата терапија е наречена хистротрипсија и не вклучува третмани како радијација и хемотерапија. Ракот на црниот дроб е еден од 10. најсмртоносни видови рак што се јавуваат во светот.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје