Покрај бројните технички можности, Viber се одликува со една што е најважна – целосно е бесплатен и сè што ви треба за да го користите е интернет конекција. Но, изгледа дека не е сè сјајно во користењето на оваа апликација...
Сигурно сте читале за неговите слабости, а за една од неговите маани се поврзува проблем што го прават речиси сите корисници на Viber. Станува збор за проблемот со сигурноста.
Дали знаевте дека пораките што ги праќате преку Viber и повиците што ги правите користејќи ја оваа мрежа, многу едноставно можат да се пресретнат, прислушуваат, украдат? На интернет постојат бесплатни програми што се направени за да ви создаваат маки.
Според тоа, голема грешка е откривањето на личните податоци и информации што се (или би требало да бидат) тајни и достапни само на потесен круг луѓе. Дури ни обичните телефонски повици не се исклучени од овој проблем, но се многу позаштитени и посигурни. Затоа,
Viber треба да го користите за размена на основни информации, додека сериозните разговори треба да ги правите преку други канали. Значи, бидете внимателни, зашто некој може да ги следи вашите повици или да ви ги чита пораките.