Верувале или не, дојде денот кога
милениумците на „Нетфликс“ ја брендираа хит-серијата „Пријатели“ како „трансфобична, хомофобична и сексистичка“.
Иако серијата се прикажуваше на телевизија сè до 2004, а потоа следуваа безброј репризирања, серијата „Пријатели“ се појави на „Нетфликс“ во Велика Британија дури на крајот од минатата година.
Една од најомилените серии на сите времиња, сепак, не ги воодушеви милениумците, особено припадниците на ЛГБТ-популацијата, кои изјавија дека се чувствуваат „непријатно“ кога Чендлер во една епизода е загрижен затоа што го сметаат за геј кога прави шеги на сметка на хомосексуалците.
За сексистички бил оценет моментот кога Рејчел најмила преубава машка „дадилка“ за својата ќеркичка Ема, која Рос не можел да „ја поднесе“ затоа што е машко.
Исто така, публиката смета дека Рејчел требало да добие отказ поради сексуално вознемирување на асистентот што не бил квалификуван за добиената позиција, а работата ја добил само затоа што таа сакала да се забавува со него.
А тука е и контроверзната врска помеѓу Моника и пријателот на нејзиниот татко, кој е над 20 години повозрасен од неа.
И така, серијата која повеќе од 20 години беше емитувана на телевизија, во 2018 година е означена како проблематична, што мислите вие за тоа?
Видео: