X
 05.09.2018 Технологија

Во 1973 година компјутер го предвиде крајот на цивилизацијата

Во 1973 година на Институтот за технологија во Масачусетс била развиена компјутерска програма за моделирање на глобалната одржливост. Наместо тоа, програмата предвидела дека до 2040 година нашата цивилизација ќе заврши. Додека многумина во историјата имале апокалиптични предвидувања кои досега не се исполниле, овој компјутер од 70-тите во голема мера предвидел точно.

Предвидувањата што неодамна се појавија во австралиските медиуми биле направени од програмата наречена „Свет еден“. Била оригинално создадена од компјутерскиот пионер Џеј Форестер, кој бил повикан од Римскиот клуб за да измери колку добро светот можел да го одржува својот раст. Римскиот клуб е организација составена од мислители, поранешни светски шефови на држави, научници и бирократи на ОН, со мисија да го промовира сфаќањето на глобалните предизвици со кои се соочува човештвото и да предлага решенија преку научна анализа, комуникација и застапување.

1
Фото: АВС


Компјутерот предвидел дека до 2040 година ќе има глобален колапс ако проширувањето на населението и индустријата продолжат со сегашното темпо.

Пресметките на моделот ги зел предвид трендовите на нивоата на загадување, порастот на населението, количеството на природни ресурси и севкупниот квалитет на живот на Земјата.

2020 година е првата пресвртница предвидена од „Свет еден“. Моделот предвидел дека токму во 2020 година квалитетот на животот драматично ќе се намали. Ова сценарио ќе предизвика смрт кај голем број луѓе.

- Околу 2020 година состојбата на планетата станува многу критична. Ако не направиме ништо околу ова, квалитетот на животот ќе се намалува. Загадувањето станува толку сериозно, што ќе почне да ги убива луѓето, а тоа за возврат ќе предизвика намалување на населението, пониско од она во 1900 година. Во оваа фаза, околу 2040 до 2050 година, цивилизираниот живот каков што го познаваме ќе престане да постои на оваа планета.

Александар Кинг, тогашниот лидер на Романскиот клуб, ги проценил резултатите на програмата.

- Суверенитетот на нациите повеќе не е апсолутен. Постои постепено намалување на суверенитетот, малку по малку - изјавил тој.

Како функционирала програмата?


Компјутерската програма го гледала светот како еден систем. Извештајот ја нарекол електронска тура водена од нашето однесување уште од 1900 година. Оваа програма создавала графикони што прикажувале што ќе ѝ се случи на планетата децении во иднината. Содржела статистики и предвидувања за променливи како населението, квалитетот на животот, снабдувањето со природни ресурси, загадувањето и многу повеќе.

Дали може да се спречи катастрофата?


Како мерка за спречување на катастрофата Римскиот клуб предвидел некои земји како САД да ги намалат апетитите за ресурсите во светот. Римскиот клуб се надевал дека во идниот свет престижот ќе произлезе од ниската потрошувачка.

Во моментов, девет од десет луѓе во светот дишат воздух што има високо ниво на загадување, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Агенцијата проценува дека 7 милиони смртни случаи секоја година може да се припишат на загадувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија