Ирак најчесто се поврзува со Исламската држава, верско насилство, хемиско оружје и автомобили со бомби, а се заборава дека на тие простори бил зачетокот на математиката, астрономијата и медицината.
„
Ирак е историски значаен поради многу причини, но на врвот на листата мора да биде фактот дека опфаќа подрачја на кои никнале првите цивилизации“, вели Сет Кантеи, професор по политика на Универзитетот Вашинготн и Ли во Лексинтон, Вирџинија.
Но, светот не гледа така на арапските земји со децении наназад. Поради војните што се случувале од 1980 година, медиумите и владата на САД се фокусираат повеќе на нивната лоша страна и не ја прикажуваат историјата. Новиот музеј е обид тоа да се смени.
Музејот е сместен во Басра во јужниот дел на Ирак и е полн со антиквитети од богатата историја на земјата. Музејот е отворен од 27 септември годинава и е прв музеј што се отвора во земјата после неколку децении. Она што е интересно е дека тој е сместен во поранешната езерска палата на Садам Хусеин, која е само една од 100те негови резиденции.
Директорот на музејот пред медиумите истакнал дека изборот на локацијата има за цел да ги замени темите на диктаторство и тиранија со цивилизација и хуманост. Поради недостаток на средства многу нешта не се изложени, а кога ќе биде сѐ завршено музејот ќе ја раскажува историјата на Ирак од Вавилонскиот, Асирскиот, Сумерскиот и Исламскиот период. Палатата била подолго време мета на напади и на директорот Катан ал Обаид и други соработници им биле потребни години за го претворат местото во музеј. Сега објектот има посигурна заштита од кражби за да се заштити историското богатство на кое долго време се работело.
Басра музејот дефинитивно ќе има придонес во променувањето на сликата за Ирак пред светот и одговорните се со надеж дека овој чекор е само почеток.