X
 04.11.2016 Култура

Археолози во Австралија случајно стигнале до големо откритие


Австралиските абориџини се најстарата непрекината цивилизација на светот, а потекнуваат од првите луѓе што заминале од Африка.

Археолози во Австралија случајно стигнале до големо откритие

Додека археологот Џајлс Хам го истражувал теренот на подрачјето Flinders Ranges во Австралија заедно со абориџинскиот старешина, Клифорд Култхард, почувствувал физиолошка потреба, поради што за момент го запреле патувањето и тргнале да побараат згодно место за извршување нужда. Се искачиле на кањонот над коритото на потокот и случајно откриле чудесен извор окружен со пештерски слики.

Археолозите пронашле засолниште во карпите со зацрнет таван, што е знак дека луѓето што ја населувале пештерата палеле оган. Истражувајќи констатираа дека пронашле „рука“ (традиционална куќа на Мапуча индијанците) што ја користеле луѓето пред речиси 49 илјади години. На тоа место откриле 4300 предмети и двесте парчиња коски.

Абориџините се најстарата непрекината цивилизација на светот

Според генетското истражување објавено во септември на Универзитетот во Копенхаген, се покажало дека австралиските абориџини се најстарата непрекината цивилизација на светот и потекнуваат од луѓето што си заминале од Африка. До денес научниците верувале дека првите луѓе во Австралија дошле пред 50 илјади години, но Хам смета дека нивното присуство на југот на Австралија пред 49 илјади години покажува дека до северните краишта на континентот би морале да стигнат многу порано, можеби пред 55 или 60 илјади години, пренесува Sky news.

На местото што го откриле сосема случајно, археолозите пронашле докази за човечка поврзаност со праисториското животно Diprotodon optatum, најголемиот торбар што кога било се движел по Земјата, со своите два метри висина и 2,5 тони тежина.

Откриени коски од најголемиот торбар што постоел на Земјата

Пронајдените коски од возрасни примероци од животните во пештерите на гребенот, се знак дека абориџините ги ловеле, а потоа ги внесувале во своите живеалишта.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура