X
 12.05.2019 Наука

Откриена најстарата христијанска кралска гробница во Велика Британија

Градежни работници во 2003 година, работејќи на автопат, откриле подземна просторија, за која сега археолозите сметаат дека можеби е најстарата христијанска кралска гробница во Велика Британија.

Просторијата е откриена близу селото Притлвел. Според новите сознанија, гробницаата е стара 1.400 години. Меѓу пронајдените предмети, археолозите регистрирале златно копче за појас, остатоци од харфа, стаклени садови и раскошен сад за вода.

Археолозите сметаат дека луксузните предмети укажуваат дека покојникот имал висока положба, а можеби бил и принц. Двата златни крста на ковчегот, пак, покажуваат дека гробот е христијански.

Софи Џексон од Лондонскиот археолошки музеј, одговорна за истражувањата, го спореди откритието со  она на Тутанкамоновата гробница.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука