X
 07.10.2020 Наука

Научниците откриле зачувани мозочни клетки во тело на маж што починал пред 2.000 години

Научници откриле нешто што ја преживеало ерупцијата на Везув, која го уништила градот Помпеја во 79 година.

Научниците пронашле череп кој се загреал и изладил толку брзо, што неговиот мозок се претворил во црно стакло, во градот Херкуланеум кој исто така исчезнал поради ерупцијата. По детална анализа било откриено дека во мозокот останале зачувани посебни мозочни клетки. Ова е извонредно откритие, особено затоа што мозоците најчесто брзо се распаѓаат по смртта.

Зачуваните остатоци биле откриени во 60-тите години, но пред неколку години било откриено дека трупот на 25-годишен маж легнат на дрвен кревет имал мозочна материја. Тогаш, научници на Универзитетот „Фредерико Втори“ почнале да ја истражуваат мозочната материја. Пјер Пауло Петроне, еден од истражувачите, вели дека е неверојатно да се најде зачувана невронска структура на нервен систем стар 2.000 години.

Некои научници не се убедени во теоријата на Петроне дека ненадејната силна топлина го испржила телото на човекот и го претворила неговиот мозок во стакло. Тим Томпсон, антрополог од Универзитетот „Тисајд“, смета дека човекот починал како последица на подолготрајна топлина со помал интензитет.

Во секој случај, откритието на зачувани неврони стари речиси два милениуми е извонредно.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука