Многу студенти од цел свет ја избираат Германија како земја за нивното универзитетско образование и причините за тоа се многу издржани.
Всушност, земјата треба да се избере според типот на образование. Германија е вистински избор за техничките науки, а доказ за тоа е и нејзиниот имиџ на лидер во светската технологија. Германските универзитети имаад одлична репутација низ светот во однос на квалитетот на образованието и иновациите. Технолошките и инженерските науки таму се традиција и токму затоа ако ја изберете за дестинација за високо образование, ќе развиете исклучителни вештини во овие области.
Образовен систем од светски ранг
Основниот принцип на германскиот образовен систем е „единство на учење, знаење и истражување. Образовните институции во земјата имаат огромно влијание врз силната економија, а најголемите иноватори за научно-ориентирани истражувања и развој потекнуваат токму од таму. Некои универзитети се постари од 100 години и многу добитници на Нобелова награда се поврзуваат со нив.
Многу универзитети нудат можности и програми за практично учење и работа во успешни компании што ветуваат светла иднина за понатамошниот професионален развој на студентите, а ова подразбира и добри финансиски понуди.
Интерактивна мрежа на академските институции и истражувачките центри
Германските универзитети формираат силна мрежа од 300 високообразовни институции каква што нема никаде во светот. Ова значи дека има интеракција меѓу технолошките и научните истражувачки центри и индустријата.
Стратешка локација на Германија
Германија граничи со 9 различни земји од Европа и се наоѓа во срцето на континентот и неретко е нарекувана „технолошка и економска велесила на континентот. Студирањето во Германија е можност за одлични шанси за професионален развој и кариера, не само таму, туку и во цел свет.
Прифатливи трошоци за живот
Мнозинството од универзитетите се финансирани од државата, а со тоа школувањето е субвенционирано и многу поевтино од други земји од Западот. Покрај тоа, студентите уживаат и дополнителни бенефиции и попусти.
Многу можности за стипендирање
Постојат три извори за финансирање што се нудат на универзитетите: Европската Унија, индустрискиот сектор и владата на Германија. Со овие богати извори за финансирање, истражувачите имаат можности да спроведуваат студии, а студентите имаат можност да се вклучат во програмите што се нудат за нивните области. Со ова тие стануваат „видливи“, што не е најчесто случај во другите земји.