Кога станува збор за светските авантури кои допрва треба да се доживеат, списокот е прилично краток бидејќи луѓето патувале речиси секаде.
Но, останува уште еден предизвик за оној што има една година слободно време, оној што е најхрабар и е подготвен да пешачи 22.387 километри.
Најдолгата пешачка патека во светот започнува во Кејптаун, Јужноафриканска Република, и завршува во пристанишниот град Магада на далечниот исток на Русија.
Ова е патека што никој на Земјата не ја поминал пешки и е едно од најдоглите пешачки растојанија во светот. Секој што ќе се осмели да се впушти во оваа авантура ќе треба да спакува различна облека бидејќи треба да биде подготвен на сѐ - од пустинска жештина до ледени сибирски услови.
Патувањето е долго 22.387 километри
Ова неверојатно патување е долго 22.387 километри. Доколку воопшто не спиете и одите со стабилно темпо, ќе ви бидат потребни 187 дена за да стигнете.
Имајќи предвид дека дури и на најиздржливите им треба сон и одмор, реалното време да се помине оваа маршрута е најмалку една година.
Предизвици на патот
Екстремните временски услови не се единственото нешто за кое треба да се грижите. Ќе поминете и преку Блискиот Исток и во близина на руската граница со Украина, каде што војната сè уште трае.
Ако се справите со сето тоа, ќе станете првиот човек што ќе ја помине најдолгата пешачка патека во светот.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik