X
 08.11.2016 Култура

Сувенир од Кина: Се продава смог во лименки!


Доминик Џонсон продава „пекиншки воздух“ во лименки. Бизнисот му тргнал беспрекорно, но во конкретниот случај воздухот не е бесплатен. Една лименка чини четири долари.


Кинески сувенир - смог во лименки

Често слушаме и сме во допир со стоката со назнака „Made in China“, што одамна го преплави европскиот пазар. Но, еден Британец кој живее во Кина, решил да измисли „оригинален кинески сувенир“. Нема да ви се верува, но овој човек буквално продава воздух.

Со години небото над Кина не се гледа од сивата боја на смогот. Тоа е последица од огромното загадување, што Доминик го искористил во комерцијални цели и почнал да продава смог во лименки.

Имено, Џонсон кој е сопственик на бутик во Пекинг, одлучил да го прошири сопствениот бизнис и почнал да продава нешто што го рекламира како „пекиншки воздух“. Бизнисот одлично му тргнал, па успева да продава воздух по цена од четири долари од лименка.

Самиот тој вели дека сè почнало на шега, но интересот за пекиншкиот воздух се покажал голем, па според него би било глупаво да престане да го продава. Всушност, ова не е новост во светски рамки, бидејќи познато е дека кинески туристи во Канада купуваат канадски воздух, во кој можат да уживаат и дома. Некои дури и го нарачуваат преку интернет.

Сепак, се чини дека секоја стока си го наоѓа својот купувач, па сосема е возможно Доминик да стигне и до првата милионска заработка од продажбата на воздух.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура