X
 24.08.2018 Живот

Андреоли: „Живееме во општество во кое доминира апсурдот!“



Мислите на италијанскиот психијатар Виторино Андреоли предизвикаа големи полемики. На многумина им стана непријатно кога тој искрено кажа што мисли за сите нас, но имаше и такви што му симнаа капа за храброста брутално да нè соочи со вистината.


Виторино Андреоли
(Фото: Youtube screenshot)


„Живееме во општество во кое доминираат фрустрациите. Главното чувство е дека сме исклучени, несигурни, се плашиме. На тој начин фрустрациите се натрупуваат и се претвораат во гнев. А што ни носи гневот? Желба сè да искршиме. Нашето време не е насилно, туку деструктивно“, вели психијатарот и писател Андреоли.

Тој тврди дека живееме во време на страв во кое доминира идејата за непријатели.

„Тоа ја убива надежта и ја промовира мислата дека треба да бидеме сами. Сега живееме во период на глупавост. Ирационалноста е во преден план. Доминира апсурдот. Во овој историски момент во кој доминира апсурдот, ние сме ’хомо ступидос, ступидос, ступидос‘. Секој мисли само на себе. Никој не мисли дека сме држава. И тоа е глупаво. Ако денес некој не е глупав, не може да живее во ова општество“, вели тој.

Тој увидел во што била најголемата грешка на феминизмот од 70-тите. Па во што била?

„Ги исклучија мажите“, вели овој психијатар.

И зошто денес само имбецилите можат да бидат среќни?

„Денес се зборува за среќа, но среќата е индивидуална работа. Тоа е позитивно, пријатно чувство кое ти припаѓа само тебе. Од друга страна, радоста е состојба која се однесува на нас: на мене и на некој друг. Таа се дава и се прима, а секогаш се однесува на група. Денес само имбецилите можат да бидат среќни. Ние сме дел од многу комплексно општество затоа што тоа не ја зема предвид состојбата на другите луѓе. Како ќе бидеш среќен кога секој ден гледаш луѓе што страдаат?“

А кои се владетелите на денешнината?

„Економијата зависи од 20-25 луѓе. Повеќето од нас што сме ’Никој‘ тешко живееме, додека другите не знаат да живеат бидејќи имаат премногу“, вели Андреоли и објаснува зошто Марк Закерберг е пример за оние ’другите‘.“

„Следниот пат обрнете внимание на него – изгуби 100 милијарди за еден ден. И знаете што рече? ’Тоа за мене не е ништо‘. И ете така, јас станувам несреќен и помалку налутен“, заклучи тој.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот