X
 16.11.2016 Култура

Данска ќе гради нов музеј посветен на Ханс Кристијан Андерсен

Новиот музеј посветен на животот и делото на данскиот писател на детски бајки, Ханс Кристијан Андерсен, авторот на „Грдото пајче“ и „Малата сирена“, ќе се гради во неговото родно место, Оденсе, соопштија локалните власти, пренесува Ројтерс.

Донацијата од 125 милиони дански круни (или 33 ​​милиони долари) е од „А. П. Молер Фондацијата, главниот сопственик на компанијата за бродови и нафта „А. P. Moller-Maersk“, кој ќе го направи музејот реалност, по неколку години на планирање, соопштиле од Градот.


музеј


Јапонската групација на архитекти „Kengo Kuma & Associates“ го претстави победничкиот предлог, со кој ќе се создаде нов „магичен" музеј на вкупна површина од 5.600 квадратни метри (60.300 квадратни стапки), а поголемиот дел од него ќе биде под земја, се вели во соопштението.

Официјалните лица изјавиле дека ќе биде дополнение на постоечкиот музеј во Оденсе, кој го претставува личниот живот на Андерсен и неговите патувања, со повеќе фокус на магијата од неговите бајки.  

„Тоа ќе обезбеди „единствена можност да се создаде универзумот на бајки на Андерсен, на начин кој ќе биде привлечен и за децата и за возрасните"-изјавила Јане Јегинд, локална службеничка одговорна за култура.


музеј


Бајките на Андерсен се преведени на 160 јазици. Иако тој починал пред повеќе од 140 години во Копенхаген, каде што живеел поголемиот дел од својот живот, неговите дела и атракциите, како што е статуата на Малата сирена на пристаништето во Копенхаген, сé уште привлекуваат многу туристи во Данска.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура