X
 13.12.2019 Наука

Данска планира да изгради вештачки остров за ветерни фарми

Данска почнува со спроведување на плановите за изградба на еден или повеќе вештачки острови опкружени со оф-шор турбини на ветер со капацитет од 10 гигавати, способни да снабдат до 10 милиони домаќинства.

Земјата, која 41 процент од својата енергија во 2018 година ги произведе со помош на ветерна енергија, што е највисоко ниво во Европа, минатата недела донесе амбициозен климатски акт со кој се обврзува да ги намали емисиите на стакленички гасови на 70 отсто од 1990 до 2030 година и да постигне јаглерод-неутралност до 2050 година, со нови, законски обврзувачки цели на секои 5 години од 2020 година.

Капацитетот на новиот парк, кој ќе биде финансиран главно од приватниот сектор со цена од 22,5 до 33,8 милијарди фунти, ќе биде петпати поголем од сегашното производство на ветерна енергија во Данска.

- Ако сакаме да го реализираме огромниот потенцијал на оф-шор ветерот, ќе треба да се развијат нови технологии за да ја претворат зелената енергија во гориво за авиони, бродови и индустријата - изјави министерот за клима и енергија Дан Јиргенсен.

Министерството издвои дел и од својот буџет за 2020 година за истражување за складирање и претворање на енергијата што ќе доаѓа во новиот парк во обновлив водород, бидејќи моќта што ја создава нема да ја користат 6. милиони жители на Данска.

danska
Фото: Alamy


Се земаат предвид различни локации, вклучувајќи ги и Северното Море и Балтичкото Море.

8 од 10 партии во данскиот парламент го одобрија новиот климатски акт, кој освен што поставува нови тешки цели за емисиите и освен што воведува строг контролен механизам, ја обврзува и владата да презентира дефинитивни проекти секоја година за декарбонизирање на секој сектор, од енергија до транспорт и до земјоделство.

- Одлучивме да не се стремиме кон она што знаеме дека е можно, туку кон она што знаеме дека е неопходно. Нашата задача сега е да го направиме неопходното возможно. Со целта предвидена со законскиот обврзувачки климатски акт се надеваме дека Данска може да ги инспирира другите земји да ја следат - изјави министерот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука