X
 17.11.2016 Култура

Неверојатна приказна за рускиот шпион кој водел двоен живот

 

1


Во Њујорк, 39 годишниот Евгениј Бурјаков пристигнал во август 2010 година. Семејството Бурјаков се чинело како и секое друго имигрантско семејство од соседството Ривердејл. Со просечна висина и градба, единственото нешто со кое Евгениј се истакнувал бил неговиот опсесивен апетит за Мекдоналдс. Децата често си играле во песокот, а нивната мајка Марина била во близина работејќи домашни работи. Додека Евгениј работел на 29-от спрат од зграда која се наоѓала на Менхетен, Марина ги носела децата на вообичаените активности како што е каратето. Двете чесни сестри кои живееле во соседството им го чувале семејниот папагал додека семејството одело на скијање. Се' се чинело сосема нормално.

Но, Евгениј водел двоен живот. Вистинскиот работодавец не му била банката туку руската разузнавачка агенција СВР. Со децении Бурјаков работел како неофицијален агент, односно шпион. Сега неговата задача била да открие корпоративни и финансиски тајни на Вол Стрит и да ја извести Москва за она што ќе го пронајдел. Неговите двајца соучесници се обидувале да регрутираат извори во консултански фирми и други компании со цел да развијат долгорочни односи.

Шпионската престолнина

Берлин некогаш била шпионска престолнина - место каде Истокот го запознавал Западот и каде во сенка на Берлинскиот ѕид дејствувале тајните оперативци на КГБ, ЦИА, МИ6 и голем број други агенции. Но, од крајот на Студената војна, Њујорк станало место каде се' почесто се извршувале шпионските активности.

Марија Ричи ја поминала својата кариера во ФБИ барајќи ги руските шпиони на источниот брег. Кога странските дипломати за прв пат доаѓаат во Америка, ФБИ рутински ги проверува и идентификува потенцијални осомничени. Алармот на ФБИ се вклучил во ноември 2010 година откако во Њујорк пристигнал Игор Спорјшев, наводно претставник за трговија на Руската Федерација. Еден вознемирувачки сигнал бил тоа што неговиот татко Микхаил, бил агент на КГБ, а подоцна и генерал-мајор во Федералната служба за безбедност.

Во 2011 година Спорјшев бил на една енергетска конференција во Њујорк, баш како и еден агент на ФБИ кој се претставувал како аналитичар на Вол Стрит. Русинот се претставил, и разменил бизнис картички со аналитичарот. „Русите се неверојатно добри во она што го работат“, вели Марија Ричи. „Многу е едноставно - ако сакате да ви веруваат, потребно е да ви пријдат тие сами“.

ФБИ ја прифатила играта

Во подоцнежните интервјуа, Спорјшев изразил интерес за информациите за енергетиката, како што се финансиски проекции на компании и стратешки документи. Овие информации не биле чувствителни или тајни. Не му дале никаква предност која би можела да се искористи за внатрешно тргување. Наместо тоа, неговата желба за пристап до ваквите информации би можела да го одрази пристапот на руската интелигенција кој се одржувал долго време после завршувањето на Студената војна. Доаѓајќи од традиционално затворено општество каде медиумите се продолжение на државната власт, руските агенти имаат тенденција приоритет да им дадат на медиумите и слично.

Тајниот агент на ФБИ ја прифатил играта на Спорјшев. Му ги дал наводно доверливите корпоративни извештаи. Во рамките на регистрите се наоѓале документи се наоѓале и документи за прислушување. Се чинело дека регистрите се само дел од документите. Агентот му рекол на Спројшев дека ќе биде сомнително ако документите се подолго време отсутни, така што мора да ги врати што поскоро. Кога документите започнале да се враќаат, техничарите на ФБИ го исклучиле звукот од уредот кој се наоѓал во регистрите. Ричи вели дека добиле вредни податоци. Лингвистите започнале да преведуваат од руски и станало јасно дека акцијата била успешна повеќе отколку што мислела ФБИ.

Спорјшев го однел уредот за прислушување во канцеларијата на СВР и во руската канцеларија на ОН. Во текот на неколку месеци, ФБИ собра стотици часови снимени разговори. Во разговорите со својот колега Виктор Подобниј кој работел за шпионската агенција СВР под дипломатски имунитет, Спорјшев често се жалел дека шпионскиот живот не им е доволно возбудлив.

Агент на Вол Стрит


Во нивните разговори ФБИ дознал за еден неофицијален агент на Вол Стрит. Американските агенти сфатиле дека Споршјев и Подобниј зборуваат за Бурјаков. Наводниот банкарски аналитичар и претходно бил на радарот на ФБИ, меѓутоа агенцијата дотогаш не го етикетирала како шпион.

Синот на градежниот инженер Бурјаков, пораснал во зафрленото јужно руско село Кушчјовскаја, каде во 1994 година ја запознал Марина. Се венчале во 1999 година. Интелигентен и љубопитен, Бурјаков бил надарен за учење на странски јазици. Работел во Москва како даночен инспектор, а потоа се приклучил на банката „VEB“ - руска државна банка за развој која поддржува економски проекти кои го зголемуваат растот и вработувањето.

Во одреден момент започнал да работи за СВР. Пристигнувајќи во Америка со сопругата и нивните деца Павел и Полина, тие изнајмиле куќа во Ривердејл за 3.000 долари месечно. Оваа населба во Бронкс е добро позната за американските контраразузнавачи. Неколку блокови подалеку се протегала сивата зграда на руските официјални лица во ОН. Бурјаков водел обичен живот на аналитичар на Вол Стрит, читал и пишувал извештаи, присуствувал на состаноци, конференции и градел контакти на „LinkedIn“. Неговиот работодавец „VEB“ му овозможиле слободно да се движи меѓу владините претставници, корпоративните кругови и невладините организации без никој да се посомнева дека е шпион.

Бизнис вреден милијарда долари


Бил вклучен во многу бизниси. Учествувал кога канадскиот производител на авион и возови „Bombardier“ сакал да соработува со „Rostek“, руски државен производител. Зделката била вредна повеќе од милијарда долари, а Бурјаков под маската на банкар два пати патувал во Канада и учествувал на состаноците за потенцијален договор. Откако видел отпор од канадскиот синдикат на СВР му предложил активни мерки на дирекција кои Спорјшев ги опишал како „насочен притисок кон синдикатите и осигурување дека компанијата ќе дојде до решение кое е корисно за нас“.

Кога Бурјаков извршувал повеќе задачи, така зајакнувала и ФБИ контролата над него. Во декември 2013 година, Григориј Монаган, главен истражувач на случајот, побарал пристап до станот во кој живеел Бурјаков од сопственикот на станот. Сопственикот се согласил, и додека семејството Бурјаков било на скијање, ФБИ ја озвучила куќата и поставила камери. Во текот на следните неколку месеци, биле надгледувани повеќе од четириесет средби на Бурјаков и неговите соучесници. Во рамките на руската мисија на ОН, Спорјшев и Подобниј се обидувале да регрутираат извори преку Вол Стрит: консултанти, аналитичари и други финансиски професионалци кои имале пристап до одредени документи. Руските разузнавачки агенции покажувале исклучително трпение за програмите кои траеле со години.

Во средината на 2014 година, агентите на ФБИ сметале дека собрале доволно докази за апсење на Бурјаков, меѓутоа се одлучиле на уште еден чекор - подготовка на последната епизода со која ќе имаат документ за целиот круг на странски шпиони кои регрутираат извори на Вол Стрит. ФБИ побара од бизнисмен од Атлантик Сити да му пријде на Бурјаков, претставувајќи се како богат инвеститор кој сака да отвори казино во Русија. Во еден телефонски разговор со Бурјаков, Спорјшев бил сомнителен и му рекло дека средбата му се чини како некој вид на замка.

Лажен интерес

Меѓутоа Бурјаков продолжил. На 8 август 2014 година, поминал седум часа на турнеја во Атлантик Сити со изворот на ФБИ, посетувајќи казина и гледајќи презентации за проектот. Изворот на ФБИ, кој не е именуван, му дал на Бурјаков владини документи означени како „за внатрешна употреба од страна на Министерството за финансии“ за поединци кои Американците ги санкционирале поради инвазијата во Крим. Бурјаков рекол дека сака повеќе вакви документи. Изворот му дал дополнителни документи од рускиот банкарски сектор. Истиот ден Бурјаков му се јавил на Спорјшев и подоцна со актовка во раката од работа директно се упатил во домот на Спорјшев во Бронкс. Тимот на ФБИ цело време го набљудувал.

Агентите на СВР работат на петгодишни договори, и кон крајот на 2014 година Спорјшев и Подобниј се вратиле во Русија. Сега кога помагачите на Бурјаков исчезнале, ФБИ била загрижена дали ќе успее да ги лоцира нивните замени. „Можеа целосно да го променат местото на средбата и процедурата на контакти, така што мислевме дека не се исплаќа да се пушти Бурјаков да продолжи со работа“, вели Ричи. Интересно е тоа што контраразузнавачите често пати знаат за странските шпиони и ги оставаат да делуваат. „Основната цел на контраразузнавачката акција не е да ги уапси шпионите - туку регрутирање и пренасочување“, вели Ричи. Се чинело дека Бурјаков ретко добивал материјали кои биле типични за просечен вработен на Вол Стрит

Неговото апсење ФБИ го закажала за 26 јануари 2015 година. Биле распределени тимови пред неговото работно место и пред неговиот дом. Бурјаков тргнал во продавница. Десетици агенти чекале нетрпеливо пред двете локации. Откако платил, тој ги пронашол агентите на Ричи, облечени во ФБИ облека како чекаат на паркингот. „Господине, мора да дојдете со нас“, му рекле агентите. Бурјаков бил мирен и не бил особено изненаден.

До крајот на денот американското Министерство за правда го најавило апсењето и поднело кривична пријава против Бурјаков. „VEB“ ја платила тужбата поднесена од сопственикот на станот каде живеел Бурјаков, а му платила и адвокат. Бурјаков на крај признал дека бил нерегистриран странски шпион.

На 24 мај 2016 година Бурјаков бил осуден на 30 месеци затвор, а денес се наоѓа во федерален затвор со ниска безбедност во Лисбон, Охајо. На страната на „VEB“ се'уште е наведен како нивен претставник во Њујорк.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура