X
 18.11.2016 Култура

Археолози ја открија големата тајна на пирамидата Кукулкан во Мексико


Во внатрешноста на пирамидата Кукулкан во источно Мексико, научниците открија две структури, што упатува дека изградбата на оваа прирамида потсетува на познатите руски бабушки.

3D приказ на внатрешноста на пирамидата Кукулкан

Во внатрешноста на пирамидата која е висока 30 метри, се наоѓаат уште две помали пирамиди, едната со висина од 20 метри, а другата, што е сместена во нејзината внатрешност, е висока 10 местри.

Најмалата пирамида од овај комплекс кој е познат како Чичен Ица, е изградена меѓу 500 и 800 година од нашата ера, а средната структура, која е откриена во триесеттите години од минатиот век, е направена во периодот меѓу 800 и 1000 година. Последната, која е видлива однадвор, е изградена меѓу 1050 и 1300 година.

„Структурата потсетува на руските бабушки. Во големата пирамида има една помала, а во нејзината уште една, најмала“, истакнува Рене Чавес Сегуро, геофизичар и раководител на истражувањето.

Најмалата пирамида е откриена со помош на неинванзивни техники на скенирање.

Ова откритие би можело да го промени нашиот поглед кон културата на Маите, во периодот пред да потпаднат под влијание на популацијата од централно Мексико.

Инаку, во 2015 година археолозите открија дека пирамидата Кукулкан е изградена над подземна рекичка, што Маите ја сметале за света.

Денес, Чичен Ица е локалитет под заштита на УНЕСКО, а годишно го посетуваат над милион туристи.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура