Сите знаеме колку е важна интелигенцијата во нашите животи. Сепак, ако сакате да бидете успешни во вашата кариера, интелигенцијата не е единствениот предуслов за да успеете.
Вашата емоционална интелигенција исто така е доста важен фактор за вашиот успех. Но, како можете да ја препознаете вашата
емоционална интелигенција и да бидете само-свесни за истата?
Ова се неколку суптилни знаци кои покажуваат дека имате висока и силна емоционална интелигенција, дури и тогаш кога не чувствувате дека ја имате.
1. Често пати се извинувате
Сите ја знаеме опасноста од пречестото извинување. После некое време зборот го губи своето значење.
Сепак, ако сте личност која знае вистински да се извини кога сте згрешиле нешто, тоа е сигурен знак за емоционална интелигенција.
2. Се доведувате себеси во прашање
Доведувањето себеси во прашање веројатно не звучи како добра карактеристика. Самодовербата е клучна, нели? Но, постои разлика помеѓу потонување во сомнежи за себеси и преглед на својата личност. Важно е да навлезете во вашата емоционална интелигенција со тоа што ќе се запрашате себеси дали одредени работи треба или не треба да ги кажете. Овие прашања не треба да ве натераат да се сомневате во себеси, туку да ја зајакнат вашата самосвест.
3. Секогаш сте искрени
Ова звучи малку контрадикторно - нели емоционалната интелигенција прави луѓето да се чувствуваат убаво? Па не. Не баш.
Емоционалната интелигенција бара препознавање на емоциите на другите, меѓутоа оваа свест не значи дека не треба да ја кажувате вистината или дека треба да користите трикови за да ја ублажите вистината. Луѓето со емоционална интелигенција знаат колку е важно некогаш луѓето да добијат груба повратна информација.
4. Сте отишле на терапија
Посетата на добар терапевт ќе ви овозможи да бидете добро усогласени со вашите емоции. Ова ќе ви овозможи подобро да ги препознаете емоциите кај другите.
5. Не сте само среќна личност
Постојат многу дезинформации за емоционалната интелигенција. Емоционалната интелигенција не е само прифаќање, ниту оптимизам. Не е само среќа. Не е само смиреност. Не е само мотивација.
Едноставно е способноста да управувате со сопствените и туѓите емоции.