X
 21.11.2016 Технологија

Најголемата закана за ИТ работните места

Милијардерот Винод Косла, основач на „Sun Microsystems“ и компанијата во Силиконската долина „Khosla Ventures“ пред публиката во Сан Франциско изјави дека 80 проценти од работните места од ИТ секторот може да бидат заменети од системи за вештачка интелигенција.

Обраќајки им на присутните, главно директори на информатички компании, Косла ја поткрепи неговата изјава со наведување на примери на компании кои развиваат технологија што би ја автоматиизирале ИТ индустријата. Тој ја спомна „Nutanix“, компанија во која „Khosla Ventures“ инвестираше и софтверскиот старт-ап „Mesosphere“.


Винод Косла


Косла верува дека вештачката интелигенција ќе го направи својот пат до серверите и центрите за податоци насекаде, преземајќи работни места од човечкиот ИТ кадар. Тој објаснил дека компаниите трошат многу за одржување на големи ИТ оддели, трошоци што може да се намалат со автоматизација.  

Доба на автоматизација


Размислувањата на Косла беа пречекани со мала загриженост, особено поради тоа што предвидувањата за вештачка интелигенција веќе се остваруваат со преземање на работни места.

Косла можеби е во право кога вели дека е возбудливо да се гледа како машините работат на место на луѓето. Но сепак е важно креаторите на политиките и индустриските лидери да најдат решенија што ќе му помогнат на човекот работник, а во исто време овозможувајќи и на машината да ја изврши својата работа. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија