Во Кина земја со најголема популација во светот паркирањето е голем проблем. Па така за да го реши овој проблем една од големите Општини во Југозападна Кина изработи систем за интелигентно паркирање.
Специјалното тркало за паркирање овозможува да се паркираат еден врз друг и до 12 автомобили, заземајќи простор што класичното паркирање би го зазело само за два автомобили. Освен тоа системот сам скенира возила и врз основа на големината на автомобилот прави распоред на паркирањето. Паркинг местото може да се резервира по пат на апликација, а се плаќа со картичка која се наоѓа во самиот автомобил.
За паркирање на едно возило потребно е максимум 90 секунди. Ова решение е особено погодно за прометните градови.
Погледнете од видеото на каков начин Кинезите го решаваат проблемот со паркирање:
Save