Кога ќе го положат возачкиот испит, тоа подразбира дека возачите ги совладале потребните знаења за безбедно возење. Но, секојдневно на патиштата гледаме возачи кои иако имаат положено, мака мачат со основни маневри. Еден од главните проблеми е паркирањето.
Покрај белата „L“ налепница, која учениците законски мора да ја стават на возилата пред полагањето на возачкиот испит, и зелената „P“ налепница за оние што неодамна положиле, Британците решиле да ги означат и автомобилите со возачи кои имаат проблем со паркирањето.
Налепницата „B“ означува лошо паркирање и е наменета за возачите на кои им е тешко да маневрираат во просторот, а истовремено ги предупредува другите возачи да им дадат повеќе време и простор на паркинзите.
Од компанијата „Скрап кар компаризон“ наведуваат дека налепницата веќе е достапна на нивната веб-страница. Се очекува следната година да има широка примена на налепницата.
- Веруваме дека налепницата ќе им помогне на оние што имаат фобија или тешкотии со паркирањето на одредено место и се надеваме дека налепницата ќе им помогне да добијат самодоверба - велат од компанијата,
Сепак, сообраќајните експерти и голем дел од јавноста ја критикуваа достапноста на налепниците и наведуваат дека возачите треба да побараат дополнителна обука наместо да привлекуваат внимание на лошото возење со налепницата.
Извор:
Jutarnji
Фото: Scrap Car Comparison