X
 25.11.2016 Технологија

Алатки на фејсбук кои веројатно не ги користите

Корисниците на фејсбук оставаат многу информации за себе, но истовремено може да правите многу корисни работи за сметката на социјалната мрежа.

фејсбук


Алатки за управување со Вашата сметка:

‘Where you’re logged in’

Да се најавувате од друг уред е многу ризично и фејсбук Ви дозволува да го управувате ова. Вклучете ги поставките во Settings, потоа изберете Security и ‘Where you’re logged in’. Отстранете ги сесиите што не ги сакате со избирање на ‘End Activity’


најава од уред


‘Messenger.com’


Ако сакате да не го користите фејсбук за споделувања, реклами или игри посетете ја страницата messenger.com и користете ја алатката само за комуникација.


месинџер

‘Facebook Us’

Оваа алатка овозможува да видите како врската со вашиот партнер изгледа на фејсбук со тоа што ги поредува Вашите информации на една страна. За да го видите ова посетете ја страницата www.facebook.com/us

‘Legacy’

Оваа алатка овозможува Вашиот профил да го оставите во ‘наследство’ на пријател. Изберете ‘Settings’, потоа ‘Security’ и оттаму може да назначите пријател од социјалната мрежа за да Ви го заштити профилот. Тој ќе може да одговара на нови покани за пријателство и да Ви го ажурира профилот.


опција


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија