Колку луѓето навистина се среќни во земјите каде што живеат? Со ова прашање неодамна се занимаваше Европската Унија, а врз база на добиените резултати е направена и мапа.
Жителите на речиси сите земји од Унијата одговараа на прашања поврзани со семејството, работата што ја работат и домовите каде што живеат.
Најинтересни одговори се добиени на прашањето:„Колку сте среќни од животот во својата земја?“
Резултатите од истражувањето покажаа дека Данците се најсреќни (99%), а најнезадоволни всушност се Унгарците (62%).
Среќен живот водат и Швеѓаните (97%), Ирците (98%), Холанѓаните (97%), Финците (95%), Португалците (95%) и Австријците (94%).
Освен Унгарците, на списокот се и Бугарите (66%) и Романците (67%).
Македонија, како земја која не е членка на Унијата, не беше опфатена во истражувањето.