X
 28.11.2016 Наука

Машината што го побива Третиот Њутнов закон!

Ќе се оствари ли сонот за создавање perpetuum mobile машина?

Вселенско летало

EmDrive прототипот, познат и како „impossible engine“ (невозможна машина), е откриен по протекувањето на информациите од извештајот на Американската вселенска агенција.

Се чини дека технологијата ѝ пркоси на физиката – особено на Третиот Њутнов закон кој вели дека за секоја акција постои и подеднаква и спротивна реакција.

Наместо испуштање експлозивни гасови на една страна за да би можела ракетата да се истрела на другата, EmDrive е целосно самостоен и не испушта ништо.

НАСА во овој случај го користи тоа што се нарекува „весло на резонантна шуплина“ што му овозможува на експерименталниот прототип да се движи низ вселената без испуштање на материја за спротивставување.
EmDrive кој првобитно е предложен уште во 1999 година од страна на британскиот пронаоѓач Роџер Шоер, се движи со светлосни честички и микробранови, кои се судираат во внатрешноста на затворена комора со конусна форма. И така, на некој начин, движењето на честичките и брановите создаваат потисок што го движи моторот.

Експертски рецензираниот труд на НАСА е објавен во списанието на американскиот Институт за аеронаутика и астронаутика (AIAA) под наслов „Мерење на импулсивниот потисок од затворена радио-фреквентна шуплина во вакуум“.

Деталите од експериментот што е спроведен во Вселенскиот центар Џонсон, објавени се во списанието на AIAA. Таму се опишуваат сериите тестирања во вакуумска средина кои се покажале вонредно успешни.
Ваквата технологија би овозможила движење на објекти низ вселената со далеку поголеми брзини од ласерските и соларните летала кои се во развојна фаза.

Физичарите и понатаму се збунети по прашањето како точно може да се стартува мотор без употреба на гориво.

Но, најважно од сè е дека резултатите од тестирањето кои се стручно рецензирани, укажуваат дека голем дел од истражувањата се веродостојни и дека се добра основа за проби во вселената.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука