X
 04.12.2016 Живот

Австрија доби нов претседател, поразен кандидатот на екстремната десница

Александер ван дер Белен е новиот претседател на Австрија.

Нов претседател на Австрија

Кандидатот на екстремната десница на Слободарската партија, Норберт Хофер, го призна поразот на претседателските избори во Австрија, јавува BBC. Веста ја објави менаџерот на кампањата, што значи дека нов претседател е Ван Дер Белен.

Иако улогата на австрискиот претседател главно е церемонијална, овие избори беа многу важни од симболички причини, со оглед што постоеше стравување дека врз бранот на популизмот на таа функција, за првпат после 1945 година ќе дојде кандидат на ригидната десница.

По Брегзитот и победата на Трамп на американските избори, таквото сценарио веќе не се чинеше невозможно, особено со оглед на изедначениот резултат на првите избори во мај, кои заради неправилности мораа да се повторат.

Хофер го призна поразот откако излегоа првите проекции на резултатот според кои Ван Дер Белен беше во комфорно водство пред својот противник. Австриската државна телевизија јавува дека Ван Дер Белен освои 53,6 проценти од гласовите, а Хофер 46,4 отсто, како и дека можната статистичка грешка е околу два проценти, што значи дека Белен има сигурна победа.

Ако биде потврден резултатот од повторените избори, ќе значи олеснување за мнозинството од  разнишаниот европски естаблишмент и втора победа на поранешниот лидер на Зелените, Алексанер ван дер Белен, кој тесно го совлада Хофер и на првите избори во мај, што беа поништени заради неправилности при пребројувањето на гласовите стигнати по пошта.

Конечните службени резултати не се очекуваат пред понеделник.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот