X
 07.12.2016 Наука

Оваа жена ѝ донесе 1.3 милиони евра на Србија

Научникoт Магдалена Ѓорѓевиќ од Институтот за физика постигна историски успех во српската наука добивајќи 1.356.000 евра за истражувања на кварк-глуон плазма.

Значењето на овој проект е повеќеслоен, но тој нема директна практична примена, туку неговата суштина е во разбирањето на основните закони на природата. Како што Ѓорѓевиќ објаснува, без испитување на природата на кварк-глуон плазмата, научниците на космосот не можат да ги откријат својствата на раниот Универзум.


Магдалена Ѓорѓевиќ


Мислам дека ова одговора на прашањето за тоа што ова истражување значи за обичниот човек и покрај фактот што во овој момент не постои директна практична примена“-објаснува Ѓорѓевиќ.

Преку овој проект во Србија стигнаа големи неповратни средства од Европската унија. Дел од овие пари ќе бидат искористени за набавка на потребната опрема, но исто така и за одење на научни собири, на кои ќе се промовира српската наука.

„Најголем дел од овие средства ќе бидат искористени за да се вработат нашите научници, особено младите колеги, кои во отсуство на овој проект, веројатно ја напуштаат земјата. Значаен дел од средствата ќе бидат инвестирани во понатамошниот развој на инфраструктурата на Институтот за физика“ - вели Ѓорѓевиќ.

На самиот проект ќе работат три сениори истражувачи, три консултанти, два пост-докторанти и двајца докторанти. Тимот е комбинација од домашни и странски експерти, искусни и млади истражувачи. Она што посебно е нагласено е дека целата студија е осмислена и се води во Србија, а странските колеги помагаат во одредени делови на проектот.

„Горда сум на овој грант бидејќи тој е доказ дека она што го правиме е квалитетно и ни дава понатамошна мотивација за нашата напорна работа и посветеност во областа на науката. Се надевам дека тој ќе биде и поттик за младите луѓе да работат понапорно и ќе ги охрабри да останат во нашата земја“ - рече Ѓорѓевиќ за Noizz.
SaveSaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука