Оглас во Земун, Србија, за помошник на помошникот на помошникот на готвачот привлекол огромно внимание на социјалните мрежи последниве денови поради необичните услови.
Имено, во необичниот оглас, за кој многумина мислат дека е шега, сопственик на пицерија бара повеќе работи. Новиот вработен би требало да работи за плата од 50.000 до 99.999 српски динари.
Еден од условите е личноста да биде нормална, а доколку има психички проблеми, тогаш треба да поседува документација за историјата на болестите. Се наведува и дека е пожелно да знае да собира до четири, иако тоа не е неопходно. Не треба да има возачка дозвола, но треба да знае да се врати дома. Не е нужен ниту модерен мобилен телефон, а би требало да познава барем 12-15 букви од кирилицата и од латиницата.
Во огласот се наведува и дека личноста би работела на суво, без опасност од удар од гром или провев, а наведено е дека објектот може да издржи и посилен земјотрес. Од новиот вработен се очекува и да не го гаси телевизорот или музиката во објектот, но и да не го зголемува нивниот звук.
Фото: Klix
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay