X
 08.12.2016 Технологија

Откриен е виновникот за експлозиите на Samsung Galaxy Note 7

Од Samsung имаат проблем со идентификувањето на грешката кај моделот Galaxy Note 7, кај кој во текот на изминатата година беа регистрирани голем број на експлозии на батериите, но некои веруваат дека ја знаат причината. Од компанијата „Instrumental“  комплетно го расклопиле телефонот и дознале дека батеријата едноставно немала доволно физички простор за грешка.



Проблемот зависел од повеќе фактори. Батеријата е составена од позитивни и негативни слоеви, со разделувачи кои ги чуваат од допири. Со цел да се насочат кон големината на батеријата и зголемување на просторот, овие разделувачи можеби биле премногу тенки. Покрај тоа, Samsung ја направи батеријата потенка, отстранувајќи ги маргините.  Батериите се наполнети, тие малку отечуваат. Потребно е речиси 10 проценти дополнителен простор, кога батеријата го пополнува 5.2 милиметри длабокиот дел, со многу малку простор околу рабовите. Додадете го секојдневниот притисок при користењето на телефонот и ризикот за експлозија се зголемува.

Според „Instrumental“ ,  гледајќи го дизајнот, се тврди дека агресивниот мануфактурен процес за зголемување на капацитетот, а воедно запазување на интерната заштита е причина за експлозиите на овој модел на телефон. Тие сметаат дека Samsung со намера го презеле тој чекр иако постоела опасност, но нивниот тест за издржливост на инфраструктурата и дизајнот ги изневерила.  
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија