X
 10.12.2016 Живот

Зошто Меркел одеднаш се одлучи за забрана на бурките?


Во Германија се наближуваат сојузните избори и целата јавност е загрижена од развојот на десницата.

Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел не е личност која држи емотивни говори. Во текот на повеќе од десетгодишното владеење во Германија, говорите ѝ се темелат на сериозни анализи на политичките и економските проблеми, а гестикулирањето ѝ се сведува на склопување на рацете во карактеристичниот дијамант, пишуца CNN.

Во вторникот вечерта, „Mutti“, како што ја нарекуваат, емотивно се обрати пред своите партиски колеги. „Барав  навистина многу од вас,  но и времето во кое живееме бара многу од нас. Свесна сум за тоа. Не можам да ветам дека иднината ќе биде полесна затоа што мораме да се соочиме со неа, и да направиме сè што времето во кое живееме бара од нас“, рече Меркел пред околу 1.000 собрани членови на ЦДУ.

Големи предизвици


Меркел се најде пред огромни предизвици и притисоци од бирачите и партиските колеги. Најмногу трпеше критики заради прифаќањето на околу 890.000 барања за азил само минатата година. Најпрво Германија широко им ги отвори вратите. Маса од луѓе ги пречекуваа азилантите со чоколади и цвеќе. Се создаде култура на добредојденост, „willkommenskultur“. Сè поголемиот број почна да врши огромен притисок врз општествените  служби. Локалните власти почнаа да забележуваат дека немаат доволно место за сите баратели на азил. Еден градоначалник ги прошетал новинарите низ општинската зграда каде бегалците спиеле на душеци по ходниците.

Потоа дојде Новата година и дочекот во Келн. Полицијата утврди дека џганови од Северноафриканци и луѓе од Блискиот Исток напаствувале  жени во хаосот на новогодишниот дочек.

Пред извесно време, во текот на одржувањето на конвенцијата на ЦДУ, 17-годишен бегалец од Авганистан наводно силваше и усмрти 19-годишна студентка.

Државните статистики покажуваат дека провалите по домовите и слични прекршоци се во пораст откако порасна бројот на жители во Германија. Меѓутоа, се напоменува и дека помалку од еден процент на сексуалните злосторства се на кој било начин поврзани со бегалците и имигрантите. Бројот на убиства поврзани со овие категории е уште помал.

Јавноста против бегалците

И покрај тоа, јавноста се сврти против бегалците. На истокот од Германија, во неколку наврати се случија нереди меѓу бегалците и домашното население. Подметнувањето пожари во бегалските кампови стана речиси вообичаено, а десничарските партии бележат рекордна популарност.

Дури и на домашниот терен на Меркел, во покраината Мекленбург, таа претрпи пораз од десничарската Алтернатива за Германија (AfD) која ветуваше запирање на имиграцијата.

Во рамките на нејзината партија се шепотеше дека Меркел веќе не знае што всушност бара јавноста. Можеби заради сето ова, таа се одулчи за потег без преседан. Најави забрана за носење бурка во јавноста.

Сите очи се вперени кон Германија

Таа се соочува со можеби најважниот избор во својот живот. Сојузните избори во Германија следната година, го привлекуваат вниманието во целиот свет и многу погледи се вперени кон железната канцеларка со надеж дека ќе го запре назапирливиот раст на популизмот во Европа и светот.

Таквата задача би била тешка и без противењето во сопствената партија. Можеби и заради тоа се одлучи на чисто популистички потег каков што е забраната на бурката. Се претпоставува дека во Германија живеат помалку од 300 муслиманки кои носат никаб, што е покров преку целото лице, а не е забележана ниту една муслиманка со бурка. Затоа тоа е лесен начин на заработка на политички капитал внатре во партијата, но и во германското општество.

На крајот, нејзиниот говор беше дочекан со аплауз и овации со траење од 11 минути. Таа доби 89 проценти од гласовите на партиската конвенција и покажа дека има сили да ја води ЦДУ.

Во пресрет на  изборите следната година, пред неа стои задачата да ја убеди германската јавност дека може да ја води и државата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот