X
 04.04.2019 Живот

Во овие градови наскоро ќе бидат забранети автомобилите

Највисокиот управен суд во Германија донесе одлука да се забранат автомобили на одредени улици со цел да се подобри квалитетот на воздухот во градовите. Со самото тоа што во многу градови целосно или делумно ќе се забранат автомобилите, постои алтернативен превоз.

Првите забрани најверојатно ќе бидат донесени во Штутгарт и Диселдорф, и тоа уште есенва, бидејќи имаат највисоко ниво на загадување. Штутгарт, дом на „Мерцедес“ и „Порше“, неодамна се пофали со можноста за ваква забрана, а минатата година тамошните градски власти најавија дека од оваа година дизел-возилата што не ги задоволуваат стандардите нема да смеат да влегуваат во град во деновите со високо загадување.

Но, германските градови не се единствените што подготвуваат вакви чекори. Градските планери и креатори на локални политики низ целиот свет почнаа да смислуваат како градовите да создадат повеќе простор за пешаци и да се намалат емисиите на јаглероден диоксид од дизел.

Еве 13 града што го предвидуваат ова движење.

Осло, Норвешка

norveska

Осло планира до 2019 година перманентно да го забрани влегувањето на сите автомобили во центарот на градот. Норвешката престолнина во голема мера вложува во јавниот превоз и ќе замени 35 километри патишта на кои доминирале автомобили со велосипедски патеки.

- Фактот што Осло толку брзо оди напред е охрабрувачки и ако успее, мислам дека ќе ги инспирира другите - изјави Пол Стили Вајт, извршен директор на „Транспортни алтернативи“, организација што ги поддржува велосипедистите во Њујорк и заговара концепт на градови без автомобили.

Мадрид, Шпанија

madrid

Плановите во Мадрид се да се забранат автомобили на сите 500 хектари градски центар до 2020 година. Градските планери ќе ги редизајнираат 24. најфреквентни улици што во иднина ќе бидат пешачки зони. Оваа иницијатива е дел од „одржливиот план за мобилност“ на градот, чија цел е намалување на дневната употреба на автомобили од 29 на 23 отсто. Возачите што ќе ги игнорираат новите прописи ќе плаќаат парични казни од најмалку 100 долари, а најлошите загадувачи ќе плаќаат уште повеќе само за паркирање.

- Со мала иницијатива може да се постигне многу - велат Матеус Порто и Вероника Мартинез, кои се архитекти и урбанисти од локалниот центар „A PIE“, што пропагира слободно движење и се залага за заштита на правата на пешаците. Тие веруваат дека може да се постигне многу, потребна е само политичка волја.

Ченгду, Кина

kina

Луѓето во Ченгду наскоро ќе можат да шетаат до кое било место за само 15 минути или помалку. Архитектите Адријан Смит и Гордон Гил од Чикаго дизајнирале нова зона за кинескиот град. Системот на улици е таков што одењето го прави полесно од возењето бидејќи е дизајниран така што луѓето речиси секаде можат да стигнат за 15 минути. Ченгду нема целосно да ги забрани автомобилите, но само на половина улици во кинескиот град со 80.000 жители ќе бидат дозволени автомобили. Првобитната цел беше тоа да се постигне до 2020 година, но проблемите со зонирање го одложуваат рокот.

Хамбург, Германија

12

Хамбург исто така дојде до идејата да им ги олесни работите на оние што не возат. Овој германски град планира пешачењето и велосипедизмот да ги направи доминантен начин на превоз. Во наредните две децении Хамбург ќе го намали бројот на автомобили така што само пешаците и велосипедистите ќе можат да влезат во одредени делови од градот. Проектот бара „зелена мрежа“ на поврзан простор што на луѓето ќе им овозможи пристап без автомобили. До 2035 година мрежата ќе покрива 40 отсто од Хамбург вклучувајќи паркови, игралишта, спортски терени и гробишта.

Копенхаген, Данска

11

Велосипедистите ќе продолжат да доминираат на улиците на Копенхаген, во кој повеќе од половина од жителите секој ден на работа одат со велосипед и тоа благодарение на напорите на градот, кој зоните за пешаци ги воведе уште во 60-тите години. Данската престолнина сега може да се пофали со повеќе од 200 километри велосипедски патеки, како и фактот дека има еден од најниските проценти на сопствеништво на автомобили во Европа.

Нивната најнова цел е да се изгради автопат за велосипеди што ќе се протега до околните предградија. Првата од 28. планирани рути беше отворена во 2014 година, а до крајот на оваа година ќе бидат завршени уште 11. Градот вети и дека воздухот до 2025 година ќе биде без загадување.

Париз, Франција

9

Париз ќе забрани дизел-автомобили и двојно ќе го зголеми бројот на велосипедски патеки. Кога во 2014 година во Париз на само еден ден било забрането возењето на автомобили со парни регистарски таблички, загадувањето паднало за 30 отсто, а сега градот сака да ги натера граѓаните да се откажат од возењето автомобили во целиот центар.

Од јули 2016 година на сите возачи на автомобили произведени пред 1997 година не им е дозволено возење во центарот на градот во работни денови. Во случај да ја прекршат забраната, ќе бидат казнети. Одредени улици ќе се ограничат само на електрични автомобили, што е цел што треба да се реализира до 2020 година. Градот продолжува да прави напори за подобрување на квалитетот на воздухот, па пред две години беше воведено и правилото во недела да не се вози автомобил.

Лондон, Велика Британија

8

Лондон има пољубезен пристап, па своите возачи ги моли да платат надоместок за загадување на воздухот. И овој град ќе забрани дизел-мотори до 2020 година, но моментално градот ги мотивира граѓаните сами да се откажат од употребата на дизел-мотори така што во одредени делови од градот им наплаќа 12,5 долари дневно за влез.

Во јули 2017 година Британија најави дека целосно ќе ја забрани продажбата на нови дизел-автомобили до 2040 година, во борбата против загадувањето на воздухот.

Брисел, Белгија

7

Слично како Копенхаген, и Брисел претставува најголемото подрачје без автомобили во Европа. Повеќето улици што го опкружуваат градскиот плоштад во Брисел отсекогаш биле резервирани само за пешаци. Брисел во 2002 година ја почна својата прва „Недела на мобилност“, која му даваше предност на јавниот превоз.

Освен тоа, еден ден, секој септември, на сите автомобили им е забрането да се приближат до центарот на градот, но се бараат дополнителни начини за проширување на зоните без автомобили. Еден предлог би го претворил популарниот булевар со четири ленти во подрачје само за пешаци. Во јануари 2018 година Брисел почна со забрана на дизел-мотори направени пред 1998 година, а уште една мерка е бесплатниот превоз во оние денови кога се бележи високо ниво на загадување.

Берлин, Германија

6

И Берлин се покажа ажурен на овој план, па гради велосипедски суперавтопати. Пред 10 години Берлин создаде зона на ниски емисии така што ги забрани сите возила на дизел што не ги исполнуваат националните стандарди на полето на штетни емисии.

Во март минатата година Берлин најави план за изградба на десетина суперавтопати за велосипедисти, од кои секој ќе се протега најмалку 13 метри во ширина и на кои нема да има автомобили.

Мексико Сити, Мексико

5

Властите се надеваат дека од центарот на градот ќе избркаат околу два милиона автомобили. Во април 2016 година локалната самоуправа на Мексико Сити одлучи да им забрани на дел од сопствениците на автомобили да возат во центарот на градот два дена секоја работна недела и две саботи месечно. Одредувањето кој може да вози во одреден ден функционира така што се користи ротирачки систем врз основа на броевите на регистарските таблици.

Богота, Колумбија

4

На елиминација на своите улици Богота работи од 1974 година. Во главниот град на Колумбија секоја недела постои ден кога повеќе од 120 километри патишта се затворени за автомобили. Овој град сега располага со велосипедски патеки со вкупна должина од 320 километри.

Во 2013 година локалната самоуправа почна да применува програма која во одредени денови во неделата предвидува забрана за автомобили со одредени регистарски таблички, во зависност од тоа дали броевите се парни или непарни.

Сан Франциско, Калифорнија

2

Сан Франциско е еднакво амбициозен бидејќи сака да забрани автомобили на една од најфреквентните улици. Во август 2017 година градот го објави својот план за забрана на автомобили, создавајќи велосипедски патеки на 3,5 километри од еден од најфреквентните булевари во градот, како и во останатиот дел од градот во должина од 125 километри. Овој осумгодишен план, чија фаза почна на почетокот од оваа година, „тежи“ 604 милиони долари.

Њујорк, САД

1

Њујорк го намалува автомобилскиот сообраќај во мали дози. Иако не се планира забрана на автомобилите, овој град го зголемува бројот на пешачки зони, заедно со патеки за велосипеди, метро и автобус. Делови во популарните подрачја како Тајмс сквер, Хералд сквер и Парк Медисон сквер се резервирани само за пешаци.

Три саботи секој август стотици илјади луѓе ги користат предностите на Летните улици, годишно случување кога е забрането возењето на автомобилите на улицата што го поврзува Централ парк со бруклинскиот мост.

Организацијата „Транспортни алтернативи“ се надева дека ќе соработува со градот за да создаде услови за повеќе зони за пешаци. Градските планери повеќе не се обидуваат да го оптимизираат Њујорк за возачи, туку размислуваат на друг начин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот