X
 05.06.2017 Живот

Бенкси ќе биде обвинет за изборни измами?!


Графит од Бенкси
(Фото: Getty images)

Во Велика Британија се наближуваат изборите, а популарниот анонимен уличен уметник Бенкси, одлучи ништо да не биде препуштено на случајност.

Тој во саботата на сите регистрирани гласачи во Северозападен Бристол, Западен Бристол, Северен Сомерсет, Торнбери, Кингсвуд и Филтон, им го понуди принтот од својот труд во замена за фотографија од нивното гласачко ливче на кое се гледа дека гласале против кандидатите на Ториевците.

Меѓутоа, после оваа објава, властите ја оспориле неговата иницијатива. Во Британија законите забрануваат јавно објавување на начинот на кој гласал некој поединец, како и подмитување на гласачите и прифаќање на мито во замена за нивниот глас.

Дополнително, овој потег на Бенкси, согласно законската регулатива, би можел да се толкува како изборен поткуп и измама.

Општопознато е дека Бенкси е противник на политиката на конзервативците во  Велика Британија. Бенкси на почетокот на месец мај во Довер нацрта графит со кој недвосмислено го осуди Брегзитот. На графитот се наоѓа фотографија од работник, на која се гледа како еден работник искачен на  градежни скали  со длето и чекан ги уништува ѕвездите од  знамето на Европската Унија.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот