Според „Statistics Norway“, на оваа земја ќе ѝ бидат потребни помеѓу 95.000 и 135.000 работници во здравството во следните две децении, со оглед на тоа што мал број се едуцираат во Норвешка.
Што е потребно за да се биде медицинска сестра во Норвешка?
Норвешките медицински сестри мораат да завршат високо образование од 3 години пред да аплицираат за сертификација од Норвешкиот орган за регистрација на здравствен персонал (SAK), за да можат да практикуваат медицина. Единствено оваа организација може да издава дозвола и лиценци за здравствените работници.
Постојат различни овластувања кои можат да се добијат за практикување на оваа професија. Тоа се:
Целосно и перманентно одобрување;
Лиценци кои имаат ограничувања во однос на времетраењето или вршењето на професијата, самостојна или надгледувана пракса.
Потребно е да започнете што е можно поскоро со процесот на апликација, бидејќи ќе биде потребно доста долго време пред да добиете известување од „SAK“. Постојат многу чекори кои морате да ги поминете пред да ја добиете дозволата. Мора да пополните апликациска форма и да ги испратите сите неопходни документи, а овие документи мораат да бидат заверени копии. „SAK“ нема да прифати обично фотокопии од вашите документи. „ЅАК“ постави упатство за тоа како треба да пополните формулар.
Упатство за употреба
Прочитајте ги упатствата за примена: Барањето за одобрение и дозвола како здравствено лице (Pdf)
Осигурајте се дека си потребни документи се прикачени за апликацијата со користење на чек листата за документација.
Прочитајте ги целосно упатствата
ТУКА.
Исто така, осигурајте се дека јасно наведувате кои документи ги прикачувате со апликацијата со цел да не се забави обработката на барањето.
Повеќето медицински сестри кои не се од ЕУ ќе добијат писмо дека не им е дадено овластување за практикување на нега во Норвешка. Многу е важно да ги прочитате информациите од писмото за да видите дали ќе можете повторно да аплицирате подоцна. Поголемиот дел од времето одбивањето е поради комбинација од недоволно пракса во текот на вашите студии, непознавањето на норвешкиот јазик доволно добро или пропуштање на одредени теми во текот на учењето на факултет.
Квалификации за норвешкиот јазик
Постојат два начини за исполнување на барањата за оој курс:
Положување на усмениот и писмениот тест од „Тест на норвешки напредно ниво или добивање оценка „С“ или подобра и во усмениот и во писмениот тест на Ниво 3 на норвешки на универзитетско ниво.
За да го положите напредниот тест, „Lingu Norwegian“ нуди едногодишен курс за квалификуани работници.
Повеќето медицински сестри надвор од нордиските земји треба да го положат курсот „Nasjonale fag for sykepleiere“ како додаток за да ја добијат дозволата. Курсот е четири недели интензивно и се предава во Осло и Акершус Универзитетскиот колеџ за применети науки два пати годишно. За повеќе информации можете да одите ТУКА.