X
 13.12.2016 Уметност

Прогласен најдобриот европски филм во 2016 година


Филмот „Тони Ердман“ од германската режисерка Марен Аде е прогласен  за најдобар европски филм во 2016 година во Вроцлав, годинашната европска престолнина на културата.

Филмски ленти

Според зборовите на режисерката, првпат со оваа награда, што ја доделува Европската филмска академија, се наградува филм режиран од жена.

Тони Ердман“, приказната за успешна деловна жена од Германија која живее во Букурешт и заедно со својот ексцентричен татко ја открива длабоката смисла на животот, синоќа ги доби и наградите за најдобро сценарио, најдобар актер и најдобра актерка, како и за најдобра режија.

Специјалната награда за придонес во светската кинематографија ја доби актерот и продуцент, Пирс Броснан, а за најдобар документарен филм е прогласен „Fuocoammare“ (Оган на морето) на италијанскиот режисер Џанфранко Роси, драмска приказна за мигрантите на остовот Лампедуза.

Наградата за животно дело ја доби францускиот сценарист и писател, Жан-Клод Кариер, познат по сценаријата за филмовите „Le Tambour“ на Фолкер Шлендорф и „Неподносливата леснотија на постоењето“ на Филип Кауфман, пишувано според романот на Милан Кундера.

„Сценариото е ништо без добар режисер. Тоа е како ‘лептир-машна’ без врат“, рече 85-годишниот Кариер, на церемонијата при доделувањето на наградите.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност