Универзитети се жалат дека едвај функционираат, а од Собрание велат дека имаат голем број забелешки за секој статут и дека многу членови се косат со Законот за високото образование
Со години сме сведоци на избрзани, непроверени и инстант етаблирани зафати. Тие оставија пустош во воспитно-образовната сфера и нивните последици уште долго ќе ги чувствуваме, вели професорката Елизабета Секирарска, која предава во средното училиште „Перо Наков“ во Куманово.
- Свесни сме колку нештата се погрешно дефинирани и поставени, но, сепак, сметаме дека попрофесионалниот однос на надлежните, подготвеноста навистина да се фатат во костец со деформациите, како и поголемиот интерес на надлежните за консултации со просветниот кадар, со базата, преку нашето поголемо вклучување во креирањето на излезите од оваа тешка воспитно-образовна деформација, можат да помогнат - вели Секирарска.
Во
овој текст Факултети.мк се осврнува на реформите во образованието и единственото оправдување на МОН дека не смее да се брза.
Елизабета Секирарска
Ова се текстовите што беа објавени на Факултети.мк оваа недела. Пишувавме дека работата на македонските универзитети е
закочена бидејќи статутите што од летово се во собраниска процедура сѐ уште не се дојдени на дневен ред. Универзитети се жалат дека едвај функционираат, а од Собрание велат дека имаат голем број забелешки за секој статут и дека многу членови се косат со Законот за високото образование.
Закочени се процесите во образованието
Ова е
приказната на Јасмина Атанасовска-Симјаноска - единствениот дипломиран оџачар во Македонија. Љубопитна, темпераментна и ведра, таа е професорка во СГГУ ГС „Здравко Цветковски“, архитект, проектант, професор и води курс за оџачарство. Исто така, пишува поезија, проза, слика...
Јасмина Атанасовска-Симјаноска, единствениот дипломиран оџачар во Македонија
- Работам 300 на час, но и многу патувам. Никогаш не сум била посреќна отколку сега и покрај толку многу работа и активности - вели Јасмина.
Објавивме и еден
текст по повод празникот 13 Ноември, Ослободувањето на Скопје. Проф. д-р Марјан Иваноски, историчар во Одделението за НОВ и најнова историја при Институтот за национална историја, ни раскажа како почнало да снежи таа ноќ и тоа многу им помогнало на македонските единици. Така, пред 74 години почнало ослободувањето на Скопје.
Планот за ослободување на главниот град
Салих Мусиќ од Босна и Херцеговина
објаснува дека сите мали бизниси на Балканот се без претходни подготовки, како ад хок решенија. Во интервјуто тој вели дека ретко решаваме да ја реализираме идејата и никогаш не ја насочуваме енергијата за да го направиме тоа како што треба.
Маргарита Столеска, главен уредник на „Клуб ФМ“,
вели: „Радиото е пораката што ја оставаш, емоцијата што ја создаваш, без право на грешка“.
Тимот на „Клуб ФМ“
Таа вели дека се свесни колку нештата се погрешно дефинирани и поставени, но, сепак, смета дека попрофесионалниот однос на надлежните, подготвеноста навистина да се фатат во костец со деформациите, како и поголемиот интерес на надлежните за консултации со просветниот кадар, со базата, преку поголемо вклучување во креирањето на излезите од оваа тешка воспитно-образовна деформација можат да помогнат.