24 руски универзитети се најдоја на меѓународната ранг-листа на универзитети 2016-2017 во британското списание Times Higher Education, објавено на 21 септември. Во споредба со минатото присуство на руски универзитети на оваа листа, сега бројот е зголемен за 11 нови универзитети.
Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ е водечкки на листата и се наоѓа на 188 место. Следен претставник на Русија е Московскиот физичко-технички универзитет (МФТИ), а трет Санкпетербуршкиот национален истражувачки универзитет за информатички технологии, механика и оптика (ИТМО).
Гледано во целина, повеќето од руските универзитети (9 од 13) се на пониска позиција на листата во однос на минатата година. Експертите со кои се консултирале од „Руска реч“, ги навеле основните причини заради кои руските иниверзитети не котираат високо на меѓународните ранг-листи.
Западен модел на образование
Во светот во моментов постојат десетици глобални ранг-листи за академската репутација на универзитетите. THE е една од нив, а се формира врз основа на 13 показатеи групирани во пет категории : образование, научноистражувачка работа, цитираност, интернационализација (зависи од бројот на странски студенти) и оновација.
„Рангирањето на Times Higher Education за руските универзитети е неповолно за разлика од другите светски системи. Кај него, на пример се земаат предвид финансирањето на истражувачката работа во универзитетот изразено во долари, а на тие показатели влијае и курсот на рубљата“, смета ректорот на МГУ академик В.А. Садовничиј.
Финансиското прашање не е најголем проблем во оценувањето на руските универзитети. Системот и методологијата на меѓународното рангирање е ориентирано на западниот модел на образование.
„Водечките институции за рангирање се THE и OS, кои потекнуваат од Британија, па и подобро го познаваат системот на образование кој е таму воспоставен. Руското образование има свои особености и специфики, кои западните анг-листи не можат да го земат предвид во потполна мера. Поголемиот број на западни универзитети подготвуваат експерти за широк спектар на специјалности. Додека пак, во Русија традиционално се добри специјализираните универзитети, кои се основани со посебни задачи. На пример, МФТИ подготвува интелектуална елита во областа на природните науки, МИФИ обезбедува водење на експерти во областа на нуклераната индустрија, а Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“ креира врвни доктори“, вели началникот на управата за стратешки развој на МФТИ Виталиј Баган.
Причини за ниското рангирање на руските универзитети
Русија уште од 2003 година ја потпишала Болоњската декларација, но пред тоа рускиот модел за високо образование во споредба со западниот, ги задржува своите специфики, односно поделбата а универзитетот на конкретни области. Универзитетите на „некласичните“ науки во Русија тежнеат да бидат сврстени во глобалнте академски ранх-листи, но тоа не е лесно да се постигне.
„При општото рангирање се консултираат експерти од сите области и се бараат показатели на универзитетот од различни дисциплини, од физика до историја на уметност. Логично е универзитетите кои подготвуваат кадри за конкретни специјалистички области да добијат далеку помалку поени“, смета Виталиј Баган.