X
 17.12.2016 Образование

Истражување за вклученоста на деца со посебни потреби во редовното образование

На презентацијата на Извештајот од истражувањето за вклученоста на децата со посебни потреби во редовното основно образование, заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска открива дека во нашата земја во моментов, во основите училишта учат 2.235 ученици со попреченост.

 

pravobranitel


Од нив, 1.902 ученика се во редовни паралелки со  другите деца, додека 335 ученици учат во посебни паралелки. Сепак, не е јасен начинот на кој училиштата одлучуваат дали децата ќе посетуваат настава во редовни паралелки или посебни паралелки.

Во 73.5% од случаите училиштата се одлучувале според наодот за вид и степенот на попреченост, издаден од Комисија за категоризација. Тука спаѓаат децата со оштетен вид, слух, говор, децата со пречки во телесниот развој, интелектуалниот развој, децата со аутизам, хиперактивните деца, децата со хронични болести и друго. 37.9% од случаите, процената за попреченост при запишување на дете во училиште, ја извршувале наставниците, дефектолог, педагог или психолог.

Врз основа на изјаснување на наставниците и родителите на учениците, 28% од основните училишта велат дека не се согласуваат за заедничко учење на децата со посебни потреби со другите ученици, додека 4% рекле дека воопшто не се согласуваат.

Бајрамовска истакна дека е потребно да се продолжи со овој процес на вклученост на децата со посебни потреби во редовното образованието и да се преземат понатамошни надградби со цел да не дојде до дискриминација на овие деца. Таа напомена дека инклузивното образование во нашата земја прилично тешко се реализира бидејќи има недостиг на материјални средства.

Извештајот беше презентиран во ОУ Лазо Ангеловски во Скопје. Во ова училиште учат 26 деца со посебни потреби - ниту едно од овие деца не е одделено од паралелките во кои учат ученици во редовно образование. Како што известуваат, наставниците се соодветно обучени за работење со нив.

На промоцијата беше присутен и Народниот правобранител Иџет Мемети и Елспет Ериксон, заменик претставник на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование