X
 16.03.2020 Живот

Додека сите купуваат тоалетна, Холанѓаните складираат марихуана

Голем број Холанѓани вчера направија редови пред кофи-шоповите каде што се купува марихуана со цел да обезбедат резерви пред да се затворат и тие продавници поради итните владини мерки за борба против пандемијата со Ковид-19.

Холандската влада вчера во 18 часот нареди затворање на сите ресторани, барови, кафулиња, фитнес-центри, сауни, бордели и кофи-шопови.

Редици пред кофи-шоповите имаше и во другите холандски градови Бреде, Нијмеген и Утрехт.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот