Петтата епизода од најновата сезона на „Круната“, под наслов „Патот напред“ (англ. Way ahead), завршува со принцот Чарлс како игра брејкденс на хуманитарен настан и, верувале или не, тој момент во серијата е базиран на нешто што навистина се случило.
Сепак, постои една клучна работа што серијата не ја прикажа онака како што навистина е, а тоа е тајмингот на случката. Моментот со брејкденс-танцот е сместен во 90-тите, но во реалноста се случил претходната деценија.
На 29 март 1985 година, Чарлс присуствувал на работилница организирана од добротворната организација „Принс траст“ во селото Мидлтон он си. Чарлс бил убеден да проба брејкденс со тројца млади мажи.
Моментот бил забележан од фотографи и видеокамери, а Здружението на печатот објави статија два дена подоцна.
- По разговорот со голем број млади луѓе, принцот отиде во нивната дискотека, но затемнетата просторија, трепкањето на светлата и бучавата претставуваа проблем за кралското обезбедување - пишува во статијата.
Тогаш му пришла русокосата 20-годишна Ники Рутланд и му рекла: - Извинете господине, дали сакате да танцувате?, на што принцот ѝ одговорил позитивно, па заедно отишле на подиумот.
- Како ја нарекувате оваа музика? - ја прашал принцот.
- Диско-музика, господине - одговорила Ники додека танцувале.
21-годишниот Двејн Смит од Ирска, кој танцувал брејкденс со уште две млади момчиња, го убедил принцот да им се придружи.
На почеток принцот рекол дека не знае да танцува така, но момчето го убедило.
- Подоцна тој ме замоли да му одржам часови по танц - изјавил Двејн.
Фото: Screenshot/YouTube