Магазинот „Rolling Stone“ преку анкета ги запраша своите читатели да ги изберат најдобрите песни за 2016 година.
Најмногу гласови доби песната „Blackstar“ на починатата ѕвезда Дејвид Боуви. Тој непосредно пред смртта го објави истоимениот албум со кој се збогува од публиката.
Покрај „Blackstar“, на листата се најде уште една песна од последниот албум на Боуви - „Lazarus“, која заврши на третото место.
Во продолжение е целосната листа.
1. „Blackstar“, Дејвид Боуви
2. „Me and Magdalena“, Тhe Monkees
3. „Lazarus“, Дејвид Боуви
4. „Burn the Witch“, Radiohead
5. „Pride and Prejudice“, Slayer
6. „Bang Bang“, Green Day
7. „Heathens“, Twenty One Pilots
8.. „What It Means“, Drive-By Truckers
9. „Fromation“, Бијонсе
10. „Wow“, Бек