X
 14.12.2016 Образование

Дали инвестираните пари во образованието се пресудни за успех?

Успешните образовни системи ги ценат наставниците и доста вложуваат во нив. Навистина, човечкиот фактор е доста важен во создавањето на успешен и висококвалитетен кадар и секако, средина за учење.

 

ucenje


Во просек, во земјите на ОЕЦД, платите на персоналот вклучен во образованието изнесувале 77% од вкупните трошоци за образование во 2013 година.

Годишните трошоци за платите на наставниците по ученик во основните училишта достигнал 3.389 долари во земјите на ОЕЦД во 2014 година, меѓутоа овој износ се движел од 1.000 долари во Мексико до 5.379 долари во Австралија.

Но, знаеме дека она што се смета не е износот на инвестираните пари, туку начинот на кој се користат парите.

ПИСА открива дека повеќе пари инвестирани во образованието не мора да се правопропорционални со подобрите резултати. Земјите кои подеднакво трошат по ученик често ги користат овие пари на различни начини.

Трошоците за плати по ученик во секоја земја се базира на мешавина од четири главни фактори: платите на наставниците, времето на предавање, времето на настава и големината на одделението. Разликите меѓу земјите се доста големи, особено во земји кои стигнуваат до слични трошоци на наставнички плати по ученик, но врз основа на различни комбинации на овие фактори.

Да земеме на пример, две земји со слични трошоци за наставнички плати по ученик: Белгија и Германија.

Во Белгија трошокот на наставнички плати по ученик е релативно висок, затоа што сите четири компоненти имаат поинтензивен трошок од просекот на ОЕЦД, што резултира со високи вкупни трошоци за плати дури и ако платите на наставниците не се многу високи.

Во Германија платите на наставниците се многу повисоки, но нивното влијание врз трошоците за плати по ученик е изедначен повеќе од просечното време на предавање и пониско од просечното време на настава.

На другиот крај на спектарот се Чешка и Турција, земји со релативно ниски трошоци аз плати на наставниците по ученик.

Во Чешка, времето на настава, времето на предавање и големината на одделението се блиски со просекот на ОЕЦД, но трошоците за плата по ученик се намалени и одговараат со доста пониски плати на наставниците.

Во Турција наставниците се подобро платени од своите чешки колеги, но трошоците за плата по ученик се избалансирани со пократкото време за настава и поголеми одделенија.

Со сето ова, дали постои одредена мешавина на компоненти кои би направиле еден успешен систем?

 

pisa


Во сите високо успешни земји, освен Финска, платата на наставниците е поголема од просекот на ОЕЦД.

Влијанието на другите фактори - вклучувајќи го и одделението - е помалку јасно. Податоците покажуваат дека многу земји ја намалиле просечната големина на одделенијата во минатата деценија, како одговор на политичкиот притисок и јавната побарувачка. Но, доказите за влијанието на помалите одделенија врз успешноста и квалитетот на предавање и учење се сиромашни.

Анализите на податоците на ПИСА откриваат дека намалувањето на одделенијата може да донесе позитивни резултати, но овие резултати биле значително помали од оние кога платите на наставниците би биле подигнати или кога повеќе би се вложувало во професионализмот на наставниците. Некои академски истражувања го оценуваат влијанието на помалите одделенија како позитивно, но овие истражувања воглавно се ограничени на Северна Америка и Европа, додека големите одделенија се стандард во многу успешни образовни системи воАзија.

Факторот на траење на наставата не влијае врз успешноста. Некои високоуспешни системи како што е финскиот бараат помалку наставно време од просекот на ОЕЦД, балансирајќи ги со тоа, цените на повисоките трошоци за платите на наставниците.

Но, други земји, како Холандија, покажува дека натпросечното време за настава, кое придонесува до повисоки трошоци за плата по ученик. Истражувањата не наишле на докази во врска со времето на настава и квалитетот на учењето.

Во време кога владите мораат да ги намалат трошоците за образованието, да го подобрат квалитетот на наставата и да ја зголемат ефикасноста на трошоците, трошоците за настава се воглавно подрачје за загриженост. Доказите покажуваат дека не постои магична формула за мешање на компонентите од трошоците за платите по ученик, но сугерираат дека има смисла приоритет да се наставничките плати пред големината на одделението и времето на наставата.

Намалувањето на платите на наставниците можеби е најлесен начин за намалување на трошоците - и доказите покажуваат дека земјите го направиле тоа во минатото како одговор на финансиската криза - но пософистициран увид во сите фактори кои влијаат врз цената на едукацијата би можел да биде многу посоодветен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование