X
 24.04.2017 Наука

Хероите кои спречиле катастрофа за време на мисијата Аполо 13

херои
Фото: Getty images

На 14 април 1970 година, екипажот на Аполо 13 - Џим Ловел, Џек Свигерт и Фред Хаизе, поминале два дена од почетокот на нивната мисија и биле на пат до Месечината. Претходно, во текот на контролата на мисијата во Хјустон, Џо Кервин, комуникатор на капсулата објавил дека леталото било во одлична форма, шегувајќи се со екипажот дека навистина им е здодевно поради беспрекорно извршената работа.

Всушност, третото слетување на Месечината на НАСА била неуспешна во „фаќање“ на имагинацијата на јавноста. „На луѓето им стануваше досадно“, изјави Ловел. „Публицитетот на на Аполо 13 можеше да се најде во делот за временска прогноза во весниците, и тоа беше тоа“.

55 часа и 46 минути во лет, екипажот ја испратил пораката во живо која се емитувала на телевизија. За гледачите, тие овозможиле турнеја околу нивниот модул и лунарниот лендер. Но, ниту една од поголемите телевизиски мрежи не ја емитувале турнејата.

1
Фото: НАСА

„Медиумите немаа никој во контролниот центар“, вели Сју Либергот, од конзолата „Eocom“ (Electrical Environmental and Communications). „Тие сфатија дека јавноста не беше заинтересирана за нашето патување и слетување на Месечината“.

Либергот бил помеѓу десетиците млади мажи во нивните 20-ти во времето на слетувањето на Месечината, кој бил регрутиран за контрола на мисијата. Тој бил одговорен  да го одржува во живот вселенското летало Аполо.

Надгледувањето на човечките вселенски летови се случувало од една соба, со јасен синџир на команди и било развиено од Крис Крафт. Крафт ја гледал контролата на мисијата како оркестар, со посебни оддели координирани од диригент, или во овој случај, директорот на летот.

Сите команди поминувале низ „летот“ и биле доставени до астронаутите преку еден комуникатор, кој обично бил астронаут.

„Ние на земјата знаеме повеќе за вселенските летала и нивната работа од самиот екипаж. Реши го проблемот - тоа беше нашата мантра“, вели Либергот.

Било направено сè возможно за да се елиминира конфузијата. Всушност, драмата било последното нешто што некој би го сакал.

„Тринаесет, имаме уште една задача за вас. Кога ќе имате шанса, би сакале да ги „испровоцирате“ тенковите“, била пораката на комуникаторот Џек Лоусма.

Овие тенкови, во модулот на леталото, биле одговорност на Либергот. Тие содржеле кислород и водород, кој се претворал во електрична енергија и вода во три горивни ќелии - напојувајќи ја капсулата и овозможувајќи им на астронаутите вода за пиење. Рутинските инструкции за вклучување на вентилаторите биле обезбедувањето дека правилно е измешана течноста во садовите на горивото, со цел да се обезбеди мерачите да даваат точно читање.

3
Фото: НАСА

Свигерт ги притиснал прекинувачите за вентилаторите. Две минути подоцна, слушнал силна врева и го слушнал звукот на алармот.

Либергот бил првиот кој открил дека нешто не е во ред. „Податоците започнаа да се менуваат, имаше многу врева во собата. Не знаевме што гледаме“, вели тој.

Неговата осум-часовна смена, се претворила во три дневна.

„Хјустон, имаме проблем. Како што можам да видам, нешто излегува од вентилацијата“, била пораката на Ловел до контролата на мисијата.

Било сè појасно дека станува збор за грешка со телеметријата.

„Кога за првпат се случи експлозијата, не знаевме за што станува збор, сè додека на контролната табла не видовме дека еден резервоар за кислород целосно се испразнил, а истото се случуваше и со вториот. Тогаш сфативме дека сме во голема неволја“, раскажува Ловел.

Директорот на летот, Џин Кранз заедно со неговиот тим веднаш започнал да работи на проблемот.

„Не постоеше опција екипажот да не се врати на Земјата. Тоа не беше ставот на контролорите на летот“, вели Либергот.

На 322.000 километри оддалеченост, Ловел не бил толку сигурен. „Немавме решение за тоа како да се вратиме и кој е наредниот чекор“, раскажува Ловел.

Улогата на Либергот се променила па тој морал да се обиде да спаси колку што може повеќе кислород. Неговата стратегија била да се започне со намалување на побарувачката на една од останатите оперативни ќелии.

4
Фото: НАСА

„Целта беше да се задржи горивната ќелија во командата доволно долго за астронаутите да влезат во лунарниот лендер и да го поправат системот за да работи. И токму тоа го направивме, со уредна постапка“, вели тој.

Во вселената, екипажот не чекал инструкции. Тој веќе започнал да се движи до лунарниот лендер, иако Ловел знаел дека следувале непријатности.

„Лунарниот модул е многу кревок. Беше дизајниран за поддршка на две лица во период од два дена, а ние бевме тројца, па знаевме дека би биле потребни четири дена за да се вратиме.

Знаевме дека нема да можеме да слетаме на Месечината, и знаевме дека мисијата за нас заврши“, додава тој.

5
Фото: Getty Images

Во текот на наредните денови контролорите на мисијата работеле деноноќно за да го вратат дома екипажот на Аполо 13.

„Тоа беше соработка, една приказна за две групи - едната во удобната контролна соба со топло кафе и цигари, која мораше да направи план како да нè врати дома, а другата група, во студеното, влажно летало, мораше правилно да го реализира тој план“, вели Ловел.

Дури и кога тимот на Либергот успеал да ја стартува капсулата за безбедно враќање на Земјата, не постоела гаранција дека екипажот ќе преживее. Во нивните напори да спасат енергија, контролата морала да ја жртвува електричната енергија која ја одржувала топлината во системите на падобраните.

6
Фото: НАСА


На 17 април, очите на јавноста биле насочени кон капсулата Аполо 13 и нејзиното спуштање низ облаците на трите падобрани. Членовите на екипажот станале меѓународни херои.

Факт е - секоја мисија е тимска работа. Позади секој астронаут стојат стотици луѓе кои работат најдобро што можат за екипажот жив и здрав да слета на Земјата.

Според Ловел, мисијата Аполо 13 останува најдобрата за него. „Експлозијата на Аполо 13 е најдоброто нешто што можеше да ѝ се случи на вселенската програма“, завршува Ловел.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука