Глобалниот индекс за конкурентност на таленти, кој вклучува 132 земји, оваа година се фокусира на вештачката интелигенција и конкурентноста на таленти.
Последните години многу земји развиваат и присвојуваат стратегии за вештачка интелигенција, а адаптацијата на овој нов начин на работа е важна за земјите да останат конкурентни и да имаат пораст во економијата. На првите десет места на овогодишната листа се наоѓаат развиени и стабилни економии, од кои најмногу се во Европа.
Листата со десетте најдобри земји во поглед на привлекувањето и задржувањето на талентот изгледа вака:
1. Швајцарија
2. САД
3. Сингапур
4. Шведска
5. Данска
6. Холандија
7. Финска
8. Луксембург
9. Норвешка
10. Австралија
Фото: Pixabay
Потоа следуваат Германија, Велика Британија, Канада, Исланд, Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Белгија, Јапонија и Израел.
Според извештајот за 2020 година, нашата земја се наоѓа на 89. место. Во 2019 година Македонија не беше вклучена во
извештајот, додека во 2018 се наоѓаше на 59. место.
Од земјите во регионот што се вклучени во индексот, Словенија се наоѓа на 31. место во 2020 година, Грција на 47., Црна Гора на 53., Бугарија на 55., Србија на 58., Хрватска на 59., Албанија на 76. и Босна и Херцеговина на 101. место.
Фото: Pixabay