X
 18.01.2022 Наука

Астрономи ја создале најголемата 3Д-мапа на космосот

Можеби сте слушнале за Спектроскопскиот инструмент за темна енергија (DESI) на Одделот за енергија при националната библиотека „Лоренс Беркли“. За проектот се пишуваше уште во 2016 година, кога научници лансираа 5.000 мали роботи во вселената за да помогнат во развивањето на првата мапа на универзумот. Потоа во 2017 година се пишуваше како создале 3Д-мапа од вселенската прашина во нашата галаксија.

Сега инструментот ја создал најголемата и најдетална мапа од универзумот. Колку и да изгледа импресивно тоа, сепак е само 10 отсто завршена работа од 5-годишната мисија.

Фото: lbl.gov

Инструментот морал да надмине многу пречки за да дојде до ова импресивно достигнување. За време на пандемијата на коронавирусот, телескопот морал да биде изгаснат и само во декември 2020 година можел да почне одново да го истражува небото. За среќа, покрај сите проблеми, до мај 2021 година бил подготвен да го започне научното истражување.

Сепак, тоа не било крај за работата на тимот околу телескопот. Научниците велат дека ова е постојана работа, која се исплатела и обезбедила мапа која еден ден ќе ни помогне да ги разбереме минатото и иднината на универзумот.

Извор и насловна фотографија: Interesting Engineering
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука